>

Атлантис

ДТУ ДООЕЛ Атлантис Струмица, е приватна туристичка агенција, основана на 24-ти мај, 1995 година. Атлантис е постојана членка на IATA(International Air Transport Association) и СКТМ (Стопанска комора за туризам на Македонија), исто така е активен постојан член на разни асоциации и здруженија сврзани со туристичката дејност. Атлантис поседува А лиценца за вршење на туристичка дејност.
Седиштето на Т.А. Атлантис се наоѓа во Струмица а има и свои претставништва во:

  • * Радовиш (од октомври 1999)
  • * Охрид (од јануари 2004)
  • * Штип (од мај 2010)
  • * Скопје (о.Центар) (активна од мај 2008)
  • * Гевгелија (од февруари 2012
  • * Прилеп (од декември 2013)
  • * Битола (од јануари 2014)
  • * Кавадарци (од ноември 2014)
  • * Тетово (од февруари 2015)
  • * Скопје (о.Аеродром) (од март 2015))
  • * Кичево (од јуни 2015)
  • * Велес (од јули 2015)

Т.А. Атлантис одсекогаш завзема солидно место и сериозен пристап во туристичката дејност. Од своето постоење, па до денес Атлантис е препознатлива агенција по својот перманентен растеж во речиси сите сфери на локално и меѓународно рамниште. Се одликува со ексклузивни и висококвалитетни аранжмани и квалифициран кадар за различни профили. Стратегија на Атлантис е континуирано да ги подобрува сите свои процеси од својата дејност:

  • Сектор за развој: Развој на нови продукти и маркетинг; Претставништва и суб-агенти; Букинг;
  • Сектор за продажба: Класична(шалтерска) продажба; Авио билети; Корпоративна(директна) продажба;
  • Сектор за превоз: Превоз на патници; Одржување на возила;
  • Сектор за поддршка: Финансии и сметководство; Човечки ресурси и прави работи; Одржување на опрема и простор;

Со воведување на систем на организација со квалитет се трудиме на поголема одговорност и свест на нашите вработени при исполнување на обврските и надлежностите, зголемување на степенот на задоволување на барањата на корисниците и континуирано унапредување на квалитет и ефикасност. Нашите обврски ги исполнуваме следејќи ги процедурите за квалитет и со тимска работа следејќи ги целите за квалитет сврзани со сите идентификувани процеси предводени од највисокото раководство.
Политиката за квалитет взаемно е поврзана со политиката во нашата агенција и затоа во нејзина основа е:

  • Грижа и мотивација на нашите вработени преку давање на континуирани обуки, подигнување на свеста преку организациски методи за квалитет и овозможување на максимално прилагодливи услови;
  • Професионален однос, комуникациски вештини и постојана грижа да ги задоволиме барањата на нашите корисници и да ги надминеме нивните очекувања;
  • За работната средина се грижиме со посебно внимание. Модерни системи и современа технологија за континуирана следливост и организираност со што на нашите кортисници им нудиме најдобар можен квалитет;
  • Нашиот успех во нагорна линија беспрекорно го следиме судејќи по препознатливоста на туристичката сфера, судејќи по годините зад нас (постоиме од 1995г.), иновацијата, постојаноста пронижена со растеж и богата понуда на активности, големи проекти акредитирани и признаени од високо поставени инстанции;
  • Секако, не на последно место, наша инспирација и наша водечка сила е нашата лојална и верна клиентела и долгогодишни партнери. Нивното задоволство и нивниот повратен одговор се наше мерилo да ги унапредуваме и прошируваме нашите надлежности.

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ

follow_us add us to your circle