>

Атина

(5 денови / 2 ноќевања)



1 ден (30.12.2015 - четврток) Скопје - Струмица - Атина

Состанок на групата во попладневните часови од Скопје со попатно земање на патниците од Велес, Штип, радовиш, Струмица и Гевгелија. Поаѓање кон Атина. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (31.12.2015 - петок) Атина

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативен панорамски разглед еден од најзначајните градови во светот. Атина е призната како центар на културата и уметноста во времето кога повеќето европски метрополи не постојат. Храмот на Зевс, стадионот на Панатанаикос – местото на одржување на првите модерни олимписки игри во 1896 година, Кралската градина, црквата Св.Павле, Собранието, главните градски плоштади Омонија и Синтагма, трите неокласични згради: колеџот, универзитетот и националната библиотека се само дел од убавината на денешната Атина. Разгледот завршува со посета на бисерите на Атина – древниот Акропол со прекрасните храмови: божицата Ника, Партенон и Еретеон. Сместување во хотел. Дочек на Нова година на плоштад. Ноќевање.

3 ден (01.01.2016 - петок) Атина – Пелопонез - Атина

Појадок во хотел. Целодневен факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и посета на работилница - продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина во вечерните часови. Ноќевање.

4 ден (02.01.2016 - сабота) Атина – Пиреја – Сунион – Глифада

Појадок во хотел. Одјава и напуштање на хотелот. Факултативен полудневен излет до Пиреја – најголемото пристаниште во Грција, на западниот брег на полуостровот со бројни познати туристички места и најужниот врв на Балканскиот полуостров – р`тот Сунион, на кој се издигнуваат прекрасните остатоци од храмот посветен на богот на морето Посејдон. На враќање во Атина, застанување во Глифада. Патување кон Македонија со попатни паузи.

5 ден(03.01.2016 - недела) Струмица - Скопје

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 107 € (6.613 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВО ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА до 15.11.2015: 135 € (8. 343 денари)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 117 € (7.230 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВО ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА од 16.11.2015: 145 € (8.961 денари)


Во цената е вклучено:

  • Превоз со автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел 3* во двокреветни соби во Атина на база 2 ноќевања со појадок во Атина,
  • Туристички водич од нашата агенција,
  • Организација и водство од страна на агенцијата.

  • Во цената не е вклучено:

  • Полудневен излет до Пиреја – Сунион – Глифада (превоз и локален водич) – 15 €
  • Факултативен излет на Пелопонез (30 €), влезници за театрот во Епидариус (6 €), Микена (8 €)
  • Вечера во таверна на Плака со уметничка програма – 30 €
  • Разглед на Атина со локален туристички водич - 5 €,
  • Патничко осигурување.

  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација:25.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 04.04.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

    follow_us add us to your circle