>

Белград

31.12.2015-02.01.2016
(3 ДЕНА/ 2 НОЌЕВАЊЕ)


1 ден (31.12.2015 - четврток): Македонија –Белград

Тргнување од Струмица на во 01.00 часот со попатно застанување и земање на патници од Радовиш, Штип и Велес. Тргнување од Скопје во 04.00 и патување кон Белград со попатни паузи и пасошки и царински формалности на македонско – српската граница. Попатна посета на Ниш и неговите знаменитости. Пристигање во Белград во попладневните часови и сместување во хотел. Слободно време. панорамски разглед на градот со локален водич: црква „Св. Сава“, Собрание на Белград и Србија, црква „Св. Марко“, споменик на кнез Михајло. Пешачки разглед на тврдината Калемегдан, опционално посета на зоолошка градина и прошетка по најпозната белградска улица – Кнез Михајлова. Вечерта –дочек на Нова година на плоштад. Ноќевање.

2 ден (01.01.2016 - петок): Белград – Нови Сад - Белград

Појадок во хотел. Факултативен излет за Нови Сад со кој се предвидува посета на Караѓоѓевата тврдина, каде се одржува познатиот музички фестивал – Егзит. Прошетка низ централното градско подрачје каде ќе може да го видите Соборниот храм „Св.Ѓорѓи“, Владичкиот двор, плоштадот Слобода, градското Собрани, Театарот,... Слободно време за ручек или кафе и уживање во Новогодишниот амбиент. Враќање за Белград. Слободно време за одмор. Вечерта – опција за вечера на најпознатата белградска боемска улица – Скадарлија. Ноќевање.

3 ден (02.01.2016 - сабота): Белград –Македонија

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до најголемиот шопинг центар во Белград „Делта сити“. Поаѓање за Македонија во попладневни часови. Патување назад со попатни паузи за одмор и пасошки и царински формалности на српско – македонската граница. Пристигање во Македонија околу полноќ.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 81 € (5.005 денари)
Цена за аранжан после 15.11.2015 за еднокреветна соба: 111 € (6.860 денари)



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 89 € (5.500 денари)
Цена за аранжан од 16.11.2015 за еднокреветна соба: 119 € (7.354 денари)



Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус (ТВ, ДВД, УСБ, ВЦ) на релацијата по програмата,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Белград на база 2 ноќевање и појадок,
  • Професионален туристички придружник од агенцијата,
  • Организација од туристичка агенција.

  • Во цената не е вклучено:

  • Вечера во ресторан на Скадарлија (20 €)
  • Разглед на Белград со локален туристички водич– 5 €,
  • Трансфер со бус и разглед на Нови Сад со локален туристички водич– 15 €,
  • Туристичка такса се плаќа директно во хотел – 1,2 € на вечер,
  • Патничко осигурување,
  • Влезници во музеи и др.


  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација: 25. Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

    follow_us add us to your circle