>

БУКУРЕШТ И ДВОРЦИТЕ НА ТРАНСИЛВАНИЈА

5 дена / 2 ноќи
30.12.2015-03.01.2016


1 ДЕН, (30.12.2015 - среда), СТРУМИЦА - СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ

Состанок на групата во 15.00 во Струмица, се патува преку Радовиш, Штип и Велес кон Скопје. Во Скопје во 18:00 часот тргнување од паркингот спроти хотел „Вип“. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи за одмор.

2 ДЕН, (31.12.2015 - четврток), БУКУРЕШТ

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови и сместување во хотел. Разглед на Букурешт, главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи. Панорамски разглед на градот со локален водич: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата, Селото Музеј … Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки низ Букурешт. Прошетка низ најпознатата улица Калеа Виктореј, Плоштадот Унири и трговскиот центар Униреа, разглед на Атенеумот- денес седиште на филхармонијата, сенатот, претседателската резиденција Котроцени, Универзитетот, националниот музеј на уметност. Дочек на Нова година на плоштад или во ресторан. Ноќевање.

3 ДЕН, (01.01.2016 - петок), БУКУРЕШТ - СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ – БУКУРЕШТ

Појадок во хотел. посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462 год. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар и посета на познатата Црна Црква од XIV век - најголемата готска црква во југоисточна Европа. Ноќевање.

4 ДЕН, (02.01.2016 - сабота), БУКУРЕШТ– СНАГОВ – СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни. Попладне враќање во Букурешт. Слободно време до заминување за Скопје, во попладневните часови. Патувањето се одвива преку Бугарија, со попатни паузи за одмор.

5 ДЕН, (03.01.2016 – недела), МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 120 € (7.415 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба до 15.11.2015: 160 € (9.888 ден.)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ oд 16.11.2015: 130 € (8.035 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба од 16.11.2015: 170 € (10.506 ден.)


Во цената е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус (ТВ, ДВД, клима) на дадената релација,
  • Сместување во хотел во Букурешт на база на две ноќевања со појадок во двокреветни соби.
  • Организирани разгледи на Букурешт, Синаја, Бран, Брашов и Снагов,
  • Професионален туристички придружник од агенцијата,
  • Организација и водство од агенцијата.

  • Во цената не е вклучено:

  • Влезници и превоз до наведените објекти и трансфери вклучувајќи и туристички водич.(35 € )
  • Посета на островот Снагов и гробот на Дракула, (10 € )
  • Вечера во национален ресторан во Букурешт (25 € )
  • Патничко осигурување

  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација: 25.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 04.04.2016 година

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници


    follow_us add us to your circle