>

Венеција, Верона и Палманова

30.12.2015-03.01.2016
(5 ДЕНОВИ / 2 НОЌЕВАЊА)




1 ден (30.12.2015 - среда), СТРУМИЦА- РАДОВИШ – ШТИП – ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - СРБИЈА – ХРВАТСКА

Состанок на групата и заминување од Струмица во 10.00 часот. Попатно земање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Состанок на групата во Скопје на паркингот спроти хотелот “WIP” во 12.30 часот. Поаѓање за Венеција во 13:00 ч. Излез од Македонија преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

2 ден (31.12.2015 - четврток) СЛОВЕНИЈА - ПАЛМАНОВА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Пристигнување во Палманова во претпладневните часови и слободно време од 4 саати за шопинг во еден од најголемите outlet-и во Италија – Палманова www.palmanovaoutlet.it/en ‎. По шопингот се упатуваме кон хотелот во Лидо ди Јесоло и се сместуваме. Слободно време за одмор и прошетки низ Лидо ди Јесоло. Вечерта свечен пречек на Новата година на плоштад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

3 ден (01.01.2016 - петок) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Појадок во хотел. Трансфер до пристаништето Пунта Сабиони и превоз со брод до Венеција. Факултативен пешачки разглед со локален водич на градот: првин го гледаме Мостот на воздишките и се упатуваме кон Дуждевата палата, Кулата, Прокуратите и централниот плоштад Св. Марко, а овде ќе ја видете и прекрасната црква Св.Марко, по ова се упатуваме по тесните венецијански улици, полни со бутици за облека и сувенири кон мостот Риалто. Слободно време за индивидуални прошетки и враќање назад со брод кон Пунта Сабиони, каде не чека автобусот за трансфер до хотел. Свечена вечера во ресторан во Лидо ди Јесоло (факултативно). Ноќевање.

4 ден (02.01.2016 - сабота) ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕРОНА – СЛОВЕНИЈА – ХРВАТСКА

Појадок во хотел. Заминување од хотелот. Заминување во посета на Верона. Факултативен разглед на Верона со локален водич - градот на Ромео и Јулија. Панорамско разгледување на градот со автобус, потоа се упатуваме во пешачки разглед на градот и првин го гледаме Собранието во Верона и Арената (римски амфитеатар изграден првично во први век и собирал 30.000 гледачи), кои се наоѓаат на плоштадот Бра, потоа се упатуваме по главната шопинг улица Џузепе Мацини, каде ги имате најголете брендови од модната индустрија и се упатуваме кон плоштадите Ербе и Данте. Следна дестинација ни е куќата на Јулија, каде ги гледате споменикот на Јулија и терасата. Слободно време за индивидуални разгледи на Верона. Патување назад кон Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни одмори.

5 ден (03.01.2016 - недела) , СРБИЈА – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ШТИП – РАДОВИШ - СТРУМИЦА

Пристигнување во Македонија (Скопје, Велес, Штип, Радовиш, Струмица) во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 139 € (8.590 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба до 15.11.2015: 179 € (11.062 ден.)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 149 € (9.208 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба од 16.11.2015: 189 € (11.680 ден)



ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Лидо ди Јесоло на база 2 ноќевања со појадок,
  • Професионален туристички водич од агенцијата,
  • Организација и реализација на аранжманот на патувањето.


  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со брод на релација Пунта Сабионе – Венеција – Пунта Сабиони (15 €),
  • Пешачки разглед на Венеција локален туристички водич (5 €),
  • Пешачки разглед на Верона со локален туристички водич (5 €),
  • Свечена вечера во ресторан во Лидо ди Јесоло (25 €),
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици,
  • Неспоменати посети и услуги.

  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација: 25.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2016 година

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    follow_us add us to your circle