>

ЛУТРАКИ, ГРЦИЈА

31.12.2015-02.01.2016
2 ноќевањa + вечера



ЛУТРАКИ е мало туристичко место со околу 2000 жители се наоѓа на само 130 км од граничниот премин Богородица. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан).Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год кога за прв пат е прогласен за “природна бања“. Температурата на водата е од 37 – 38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.



1 ден. (31.12.2015 - четврток) Скопје / Струмица – Солун – Лутраки

Тргнување од Скопје во 03.00 часот, а во Струмица во 06.00 часот. Организиран шопинг во Солун и слободно време за прошетка низ центарот на Солун. Поаѓање кон Лутраки. Сместување во апартмани (A категорија), кои се опремени со парно греење, сопствено купатило,ТВ и кујна. Слободно време. Вечерта, Новогодишна вечера во најпознатиот ресторан во цела област “KALOFAGAS” кај газда Митре, надалеку познат по приготвувањето на јагнешки специјалитети под вршник. Ноќевање.

2 ден. (01.01.2016 - петок) - Лутраки

Посета на минералните бањи, можност за уживање во топлите минерални води на отворените и затворените базени.Слободно време. Ноќевање.

3 ден. (02.01.2016 - сабота) - Лутраки – Воден – Струмица - Скопје

Во договореното време поагање кон Воден. Пристигнување во Воден - градот на водопадите и прекрасните градини познати во цела Грција. Најголемиот водопад познат како Керанос паѓа од 70 метри висина. Слободно време за разглед на паркот и водопадите како и за гиро и фрапе во некој од многуте ресторани. Во попладневните часови враќање кон Македонија.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 90 € (5.562 денари)
Цена за аранжан за еднокреветна соба до 15.11.2015: 105 € (6.489 денари)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 100 € (6.180 денари)
Цена за аранжан за еднокреветна соба од 16.11.2015: 115 € (7.107 денари)


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со туристички автобусиСместување во апартмани на база 2 ноќевање (апартмани од А категорија опремени со парно греење,сопствено купатило,ТВ и кујна).
  • Свечена Новогодишна вечера со богато мени и програма.
  • Организација и водство од агенцијата

  • Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување

  • Мени:

    На секои 4 лица ќе има чинија салата со: домати, пржени тикви, модар печен патлиџан, магданос, лук, сирење, цацики. За пиење со ова ќе има по 1 чаша узо. Ручек во чинија за 4 лица: јарешко, коленица,селско, кременадла во фурна)со месото ќе има гарнир ориз и компир.

    НАПОМЕНИ:

    За сопствен превоз цената се намалува за 930 мкд по лице.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

    follow_us add us to your circle