>

МИЛАНО – КОМО – ЛУГАНО – ВЕРОНА – ВЕНЕЦИЈА - ПАЛМАНОВА

6 дена / 3 ноќевања



1 ден, (30.12.2015 - среда), МАКЕДОНИЈА – МИЛАНО

Состанок со групата во 09.00 часот во Струмица, попатно собирање на патниците од Радовиш, Штип, Велес и Скопје во 12.00 часот. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден, (31.12.2015 - четврток), МИЛАНО

Пристигање во Милано во пладневните часови и сместување во хотел. Факултативен разглед на градот со локален водич: Миланската катедрала и плоштадот Дуомо, операта Скала, галеријата Виторио Емануеле II и замокот Сфорческо. Слободно попладне за шопинг или прошетка низ улиците Виторио Емануеле, Монтенаполеоне, Торино, Спига,.. Вечерта организирано одење на плоштадот Дуомо и дочек на Новата година. Ноќевање.

3 ден, (01.01.2016 - петок), МИЛАНО-КОМО-ЛУГАНО-МИЛАНО

Појадок во хотел. После појадокот факултативната посета на монденското градче Комо, кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, а каде се наоѓаат вилите на Џорџ Клуни, Ерос Рамацоти... Со локален водич го разгледуваме стариот дел на Комо и плоштадите Волта и трговцит, катедралата во Комо - Дуомо... Слободно време за индивидуални прошетки. Потоа се упатуваме кон Лугано, гратче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Ке имате можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија - Parco Civico и монденската шопинг улица - Наса. Во касните попладневните часови враќање во Милано. Ноќевање.

4 ден, (02.01.2016 - сабота), МИЛАНО-ВЕРОНА-ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО

Појадок во хотел. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Факултативен разглед на Верона со посета на куќата и гробот на Јулија, Арената, плоштадите Бра, Данте и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Продолжување на патот кон Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Вечерта – факултативна вечера во ресторан. Ноќевање.

5 ден, (03.01.2016 - недела), ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА – ПАЛМАНОВА - МАКЕДОНИЈА

Појадок во хотел. Заминување на разглед на Венеција со брод од Пунта Сабионе. Факултативен пешачки разглед на Венеција: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот на воздишките, Мостот Риалто, Каналот Гранде. Упатување кон Палманова Outlet и можност за шопинг. Во вечерните часови заминување за Македонија. Ноќно возење со попатни шпаузи за одмор и царински формалности.

6 ден, (04.01.2016 - понеделник), МАКЕДОНИЈА

Пристигање во Скопје во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 175 € (10.815 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба до 15.11.2015: 215 € (13.290 ден.)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 185 € (11.433 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба од 16.11.2015: 225 € (13.905 ден.)




Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел во двокреветни соби со 3* - 2 ноќевања со појадок во Милано и 1 ноќевање со појадок во Лидо ди Јесоло
  • туристички придружник на патувањето од агенцијата,
  • Организација и водство од агенцијата.


  • Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • трансфер со бус, а потоа и со брод : Лидо ди Јесоло – Венеција – Лидо ди Јесоло – 15 €
  • Факултативен посета на Комо и Лугано – 25€
  • Разглед со локален водич на Венеција, Милано и Верона – 15 €
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Патничко осигурување

  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација:25.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 04.04.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

    follow_us add us to your circle