>

БУДИМПЕШТА

30.12.2015– 03.01.2016
5 дена / 2 ноќевања




1 ден (30.12.2015-среда) - СТРУМИЦА – РАДОВИШ – ШТИП – ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - СРБИЈА

Состанок со групата во Струмица во 13.00 часот, со попатно собирање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Тргнување од Скопјe во 16.00 часот. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (31.12.2015-четврток) - УНГАРИЈА – БУДИМПЕШТА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД,)

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Слободно време на Ваци. Сместување во хотел, време за одмор. Враќање во хотел. Вечерта во 21 часот, организирано поаѓање кон центарот на градот за дочек на Нова Година 2016 на плоштадот – „Ворошмарти“. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден (01.01.2016 –петок) - БУДИМПЕШТА (КРСТАРЕЊЕ ПО ДУНАВ, ДВОРЕЦ НА СИСИ, ЧАРДАШ)

Појадок. После појадокот, заминување на Крстарење со брод по Дунав (факултативно). Факултативна посета на Дворецот на Кралицата Сиси http://www.kiralyikastely.hu/main_page . Слободно време за прошетка низ централното градско подрачје. Враќање во хотел. Вечерта во 21 часот факултативна посета на традиционален ресторан – чардаш (богато мени, со цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости и многу забава, што вреди да се доживее и ќе Ви го доближи унгарскиот живот). Ноќевање.

4 ден (02.01.2016 – сабота) БУДИМПЕШТА (ПАРЛАМЕНТ, ТРОПИКАРИУМ, ШОПИНГ ЦЕНТАР) - СРБИЈА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот во 10:00 часот и упатување на факултативна посета на Парламентот http://www.budapest-parliament.com , еден од трите најголеми парламенти во Европа. Потоа, факултативна посета на Тропикариум http://www.tropicarium.hu . Можност за шопинг во трговскиот центар во чиј состав е Тропикариумот. Поаѓање за Скопје/Струмица во 18:00ч. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (03.01.2016 – недела) СКОПЈЕ- ВЕЛЕС – ШТИП – РАДОВИШ - СТРУМИЦА

Пристигнување во Македонија (Скопје, Велес, Штип, Радовиш, Струмица) во утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 110 € (6.798 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВО ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА до 15.11.2015: 140 € (8.652 денари)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ после 16.11.2015: 120 € (7.416 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ВО ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА после 16.11.2015: 150 € (9.270 денари)


Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
  • Сместување во хотел во двокреветна соба во Будимпешта 3* на база 2 ноќевања со појадок,
  • Професионален туристички водич од агенцијата,
  • Организиран трансфер до центар за дочек на Нова Година 2016,
  • Организација и реализација на аранжманот

  • Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Будимпешта со локален туристички водич од агенцијата - 5 €,
  • Крстарење со брод по Дунав – 15 €
  • Посета на ресторант (чардаш) – 25 €
  • Посета на Парламент (трансфер, влезница и локален водич) – 20€
  • Посета на Тропикариум (трансфер, влезница и локален водич) – 15 €
  • Посета на дворец на кралицата Сиси (локален водич, влезница и трансфер) - 20€
  • Патничко осигурување

  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација:25.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

    follow_us add us to your circle