>

ВИЕНА

30.12.2015-03.01.2016
5 денови / 2 ноќевања


Виена за време на Новогодишните празници нуди прекрасна програма со возбуда во текот на денот и ноќта. На 31-ви Декември, стариот град на Виена центарот го претвора во огромна забавна зона. Најголемата забава е загарантирана на Патека на Нова Година по чијашто должина десетици гастрономи Ви служат пунч и разни специјалитети. Виена украсена со хумористични забави, шоу програми, валцер, музика од секаков жанр, пловење по Дунав претставува вистинско уживање. www.wien.info


www.wien.info



1 ден, (30.12.2015 - среда) Македонија – Виена

Состанок со групата од Струмица во 12.30, попатно земање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Тргнување од Скопје во Скопје 15.30 часот и поаѓање за Виена. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден, (31.12.2015 - четврток) Виена (панорамски разглед, Нова Година)

Пристигнување во Виена околу 10:00ч. панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Сместување во хотел после 14 часот. Слободно време за одмор. Вечерта околу 21 часот, трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2016 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден, (01.01.2016 - петок) Виена (Белведере, плоштад, Виенските шуми, ресторан)

Појадок. Факултативна посета на на дворецот – Белведере*. Комплексот Белведере е претворен во музеј во која работи Австриската галерија Белведере. Во галеријата се наоѓаат уметнички дела на многу познати уметници, но најпосетена е познатата слика “Бакнеж”(Der Kuss) од Густав Климт. Се враќаме на центарот на Ратхаус, каде во периодот од 11.30 до 13.00 може да го проследите виенскиот новогодишен концерт на виенската филхармонија на огромни видео бимови. Заминување на нова факултатива Винските шуми* во траење од четири саати, со која посетуваат Сегроте, некогашниот рудник, а каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа, па потоа манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Враќање во хотел. Слободно време за одмор. Факултативна посета на традиционален австриски ресторан – Грицлинг. Ноќевање.

4 ден, (02.01.2016 - сабота) Виена (Шенбрун, Дунавска кула, шопинг центар)

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот. Трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“* (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. После посетата на палатата се гледа дворот на палатата и летната резиденција. Заминување на факултативна посета на Дунавската Кула*, која е изградена во 1964 година и висока е 252 метри и од неа се има поглед на цела Виена. Тргнување кон еден од најголемите трговски центри во Европа – Сити суд http://www.scs.at , каде ќе имате можност за шопинг и слободно време за ручек или кафе. Поаѓање кон Скопје во 18.00 часот со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден, (03.01.2016 - недела) Македонија

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 135 € (8.590 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба до 15.11.2015: 175 € (11.062 ден.)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 145 € (9.208 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба од 16.11.2015: 185 € (11.680 ден.)




Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел во Виена со 3* на база на 2 нокевања со појадок,
  • Професионален туристички водич од агенцијата на патувањето,
  • Организација и реализација на програмата


  • Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Разглед на Виена со локален туристички водич - 5 €,
  • Влезница, локален водич и превоз за дворецот Шенбрун – 25 €,
  • Влезница, локален водич и превоз за дворецот Белведере – 20 €,
  • Факултативна посета на традиционален австриски ресторан - Грицлинг – 25 € ,
  • Посета на Дунавска Кула (влезница, туристички водич од агенцијата и превоз) – 10 €,
  • Посета на Хајлгинкројц, Сегроте и Баден (Виенски шуми) (влезница, туристички водич од агенцијата и превоз) – 20 €,
  • Патничко осигурување

  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација: 25.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 03.04.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници





    ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ


    Дворецот ШЕНБРУН

    Дворецот Шенбрун е еден од најважните културни споменици во Австрија и е една од најголемите туристички атракции во Виена. Палатата и градините ги илустрираат вкусовите, интересите и аспирациите на Хабсбуршка династија. Со Империјал турата се посетува внатрешноста на палатата. Турата трае 35 минути и се посетуваат 22 соби. Се посетуваат собите на императорот Франц Јозеф и неговата сопруга Елизабет и останатите прекрасни соби украсени во рококо стил. Со оваа тура може да се доживее луксузниот сјај на Големата галерија, ориенталниот шарм на кинеските кабинети, како и зачудувачки скромниот стил на декорација во приватниот апартман императорот Франц Јосиф. Денес Шенбрун е посетуван од повеќе од 5 милиони туристи годишно.

    Дворецот БЕЛВЕДЕРЕ

    Белведере е името на комлексот барокни палати во Виена, подигнати од австрискиот принц Еуген Савојски во третата област на Виена кој се вика Ландштрасе. Комплексот се наоѓа југоисточно од стариот градски центар, а во соседство ми е палатата Шварценберг. Палатите Горен Белведере и Долен Белведере, со придружниот парк, го формираат едно од најубавите места на светот. На оваа факултатива се посетува само Горниот Белведере. Планот за изгрдба на Горниот Белведере во сегашна форма е земена од првичната идеја од изградбата на Gloriette (видиковецот од дворецот Шенбрун) – ‘‘прекрасен поглед на градот‘‘. Денес комплексот Белведере е претворен во музеј во која работи Австриската галерија Белведере. Во галеријата се наоѓаат уметнички дела на многу познати уметници, но најпосетена е познатата слика Бакнеж - Der Kuss од Густав Климт.

    БАДЕН – Виенските шуми

    Факултативата трае околу 4 часа. Најнапред се посетува Seegrotte – разглед на некогашниот рудник и поранешната фабрика за авиони на Хитлер кои се наоѓаат на првото ниво. На второто ниво се наоѓа подземно езеро. Во факултативата е вклучена и прошетка низ езерото со чамец. ‘‘Големото езеро‘‘ се наоѓа на 60м подземна надморска височина и е познато како најголемото подземно езеро во Европа. Површината на водата е околу 6.200 м² и просечна длабочина од 1,20 м. Најдлабоката точка на езерото е 12 м. Езерото е полни од 7 извори, но не може природно да се исцеди, затоа е потребно секоја вечер да се испумпува за да одржи нивото на водата. По разгледот на Seegrotte се заминува за Heiligenkreuz. Heiligenkreuz е прекрасен Цистериански манастир во близина на Виена. Heiligenkreuz е втор најстар Цистериански манастир во светот и исто така се води како најстар населен манастир. Манастирот во септември 2007 е благословен со официјална посета на Папата Бенедикт XVI. За време на посетата на манасторот има можност за кафе пауза во локалниот црковен ресторан, каде што исто така може да се проба манастирска супа и домашно манастиско вино. Од таму се заминува на посета на живописното градче Баден кое се наоѓа на подножјето на Виенските шуми. Попатно има прекрасен поглед на Виенските виногради. Баден е познат по тоа што во минатото бил многу познат бански центар каде што Автриската аристократија го поминувала своето слободно време. Денес сите хотели што се во Баден располагаат со СПА центри во кои има термална вода. Во Баден исто така се наоѓа и Grand Casino Baden. Културата од секогаш е негувала во Баден. Познатите композитори Моцарт и Бетовен доаѓале во овој град за да добијат инспирација и да ги напишат своите најголеми дела. Јохан Штраус постојано имал концерти во Баденскиот спа парк. По разгледот на градот се дава слободно време за да можат патниците да уживаат во овој навистина прекрасен град.

    Традиционален ресторан - GRINZLING

    Heurige е старо име за ‘‘младо вино‘‘, а денес е останато како име за Виенските кафани. Таму сеуште може да се осети атмосферата на старите времиња, каде што секоја куќа имала сој виноград и продавала сопстевно вино во својата кафана. Кафаните се преубави и живописни, во сопственост на неколку генерации на исто семејство. Можат да се пробаат најдобрите Виенски специјалитети и секако одлично вино. Познати се две сорти на вино Grüner Veltliner за бело и Zweiglt за црно. Во секоја кафана исто така се нуди и домашна варијанта на тие сорти. Музиката е составен дел на целата приказна, а музичарите снаат барем по некоја строфа од по некоја песна од секоја држава. Grinzing е познат како боемска четврт каде што се една до друга нанижени heurige, односно кафаните и ако сакате да ја осетите атмосферата на австриската кафанска забава - Grinzing е встинското место за тоа !

    Дунавска кула

    Дунавската кула е еден од симболите на Виена и претставува идеално место да се види Виена од терасата, која е на висина од 150 метри. Во рамките на кулата има ресторан и кафетерија, кои се полни со туристи.

    follow_us add us to your circle