>

ИСТАНБУЛ

30.12.2015-03.01.2016
5 дена / 2 ноќевања



30.12.2015-03.01.2016 / 5 дена / 2 ноќевања



1 ден (30.12.2015 –среда) – СКОПЈЕ – СТРУМИЦА – ГРЦИЈА

Состанок со групата на договореното место во 15:30 во Скопје со попатно земање на патниците и се движиме кон граничен премин Богородица. Ноќно патување преку граничниот премин Богородица. Попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (31.12.2015 - четврток) – Истанбул

Пристигнување во Истанбул во утринските часови Панорамски разглед на стариот дел од градот: Римскиот Аквадукт, Златниот Рог, Таксим, Галата Кула, Вселенската патријаршија, Лалели, Бајазит. Крстарење по Босфор со панорамски разглед на мостовите, кои го поврзуваат Европскиот и азискиот дел на Истанбул. Посета на Египетскиот пазар и можност за шопинг и посета на пазар познат по бројните зачини кои ги нуди. Сместување во хотел и слободно време. Вечерта пречек на Нова година на плоштад. Ноќевање.

3 ден (01.01.2016 - петок) - Истанбул

Појадок. После појадокот факултативна Посета на Сината џамија, посета на Аја Софија (факултативно), Посета на Топ Капи палатата (факултативно) – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела – сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот. Во вечерните часови факултативна посета на национален ресторан со богата шоу програма и свечена вечера. Ноќевање.

4 ден (02.01.2016 – сабота) – Истанбул

Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Можност за посета на највисоката зграда во Европа(236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Слободно време за шопинг. Заминување за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење преку Грција.

5 ден (03.01.2016 – недела) - Македонија

Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 105€ (6.490 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба до 31.10.2015 : 135 € (8.345 ден.)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 115€ (7.105 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба од 16.11.2015 : 145 € (8.960 ден.)



Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со високотуристички автобуси на наведената релација,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Истанбул на база на 2 ноќевање со појадок,
  • Професионален туристички придружник од агенцијата,
  • Организација и реализација на програмата.


  • Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Панорамски разглед на Истанбул со локален водич - 5€,
  • Посета на Национален ресторан - 30 €,
  • Посета на Saphire Seyir Terasi – 15€,
  • Посета Долма Бахче Сарај– (превоз+ влезница+водич) - 25€,
  • Крстарење по Босфор – 15€
  • Влезници за Аја Софија и Топ Капи Палатата - 30 €
  • Патничко осигурување.

  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација: 25.
    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари
    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 180 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 04.04.2016 година.
    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
    За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС


    ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ


    Аја Софија –

    http://www.hagiasophia.com/ Аја Софија се преведува и како Црква на Светата мудрост и се смета за најубав пример на византиската уметност. Црквата е градена за време на Византискиот цар Јустинјан и нејзината купола е висока 56 метри и изгледа како да лебди , со што го претставува небото. Била најголема катедрала во светот скоро 1000 години се додека не е изградена катедралата во Севили. По освојувањето на градот од Мехмед Освојувачот, бил толку имресиониран од цркавата па ја претвара во џамија и останува така се додека не е повторно претворена во Музеј. Аја Софија остана најголема верска зграда во Истанбул, иако секој моќен султан се обидел да ја претвори во џамија. Никој не успеал во тоа бидејќи ја нагласува величественоста на црквата каде што се нагласени прекрасните визанстиски мозаици. Музејот денес е една од најголемите атракции за туристите во Истанбул и препорачливо е посетата на истиот да почне рано изутрина бидејќи во текот на денот после 10 часот почнуваат долгите редици од туристи.

    Топ Капи,

    http://www.topkapisarayi.gov.tr/ При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во џамија. Ова палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот ( Мухамедовиот заб)и Христијанството ( раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Во палатата се чувствува автентичниот дух на Османлиската Имерија. Редицата за билети е прилично долга, но има многу билетарници, и кога е групно организирано, редицата оди многу бргу.
    Работни денови: секој ден освен вторник
    Работно време: лето (април – октомври) 09:00-19:00, зима ( ноември – март) од 9:00-17:00

    Долма Бахче Сарај

    http://www.dolmabahcepalace.com/ Долма Бахче Палатата е отворена секој ден освен понеделник и четврток од 09:00 - 17:00. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на две дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Палатата располага со непроценливо богатство

    Крстарење по Босфор

    http://www.bosphorustour.com/Bosphorus-cruise.html Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот, теснецот кој ги дели Азија и Европа. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај прекрасната Долма Бахче Палата, зелените паркови и царските паваљони на Јилдиз Палатата, Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под двата моста кои го дели Истанбул на Азиски и Европски дел......прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул.

    Сафир Сеир Тераси

    http://www.istanbulsapphire.com , Сафир Сеир Тераси е највисоката зграда во Европа од 236 метри. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар каде што можете да најдете повеќе познати бреднови ( H&M, Cotton, LC Waikiki…) На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4Д проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер и можност и шанси да го почуствуваат сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ капи Палатата, Брилијатниата Султанахмет џамија ( Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од истанбул, ппоштадот таксим, Истаклал Улицата... сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси.

    Сината џамија

    http://www.bluemosque.co/ Силтанахмет џамијата е историска џамија во Истанбул, која истотака е наречена и Сината џамија поради сините плочки околу зидовите и внатрешниот дизајн на џамијата. Покрај се, уште е активна како џамија, така што за туристите е затворена по 5 пати дневно половина час за време на молитвите и е доста популарна туристичка атракција.

    Капали Чаршија ,

    http://www.kapalicarsi.org.tr/index.php Капали Чаршија во Истанбул е еден од најголемите и најстарите затворени пазари во светот со 61 покриени улици и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25000 до 400000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види како значаен локалитет во Истанбул.

    follow_us add us to your circle