>

ПРАГА

29.12.2015-03.01.2016
6 денови/3 ноќевања)




1 ден (29.12.2015- вторник) СТРУМИЦА - РАДОВИШ – ШТИП – ВЕЛЕС - СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА-СЛОВАЧКА

Состанок со групата во 09 часот и поаѓање од Струмица кон Прага, со попатно земање на патниците од Радовиш, Штип и Велес. Тргнување од Скопје во 12 часот. Патување кон Прага, преку Србија, Унгарија и Словачка. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден (30.12.2015- среда) - ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Разглед на градот со локален водич (факултативно): Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица... Враќање во хотел во договорено време. Можност за факултативна организација на вечера во национален ресторан - пивница. Ноќевање.

3 ден (31.12.2016- четврток) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Ќе имате можност да ги видете топлите извори и да се запознаете со лековитите својства на водите, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари. Враќање во хотел. Вечерта трансфер до центарот на Прага за дочек на Нова Година 2016. Можност за организирана факултативна посета за Дочек на Новата година во диско. Ноќевање.

4 ден (01.01.2016 - петок) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА - ПРАГА

Појадок. Целодневен факултативен излет за Дрезден. Во Дрзден со локален водич ќе ги видете следниве атракции: Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј Враќање од Дрезден кон Прага. Крстарење по Влтава (факултативно) и ќе имате можност да ги видете прашките мостови и прекрасната архитектура од двете страни на Влтава. Ноќевање.

5 ден (02.01.2016- сабота) ПРАГА – ВИЕНА – УНГАРИЈА

Појадок во хотел. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена во 08:00ч. Попатна посета на Ескалибур сити, каде ќе имате можност за одмор, шопинг, храна. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности.

6 ден (03.01.2016- недела) СРБИЈА – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ШТИП – РАДОВИШ - СТРУМИЦА

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија (Скопје, Велес, Штип, Радовиш и Струмица) во попладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015:169 € (10.444 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА до 15.11.2015: 211 € (13.040 ден.)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015:185 € (11.433 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА од 16.11.2015:227€ (14.028ден.)


Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
  • Сместување во двокреветни соби во хотел 3* во Прага – 3 ноќевања со појадок,
  • Професионален туристички водич од агенцијата за време на патувањето,
  • Организација и реализација на патувањето

  • Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Организиран разглед на Прага и Виена со локални туристички водичи – 10€,
  • Крстарење по Влтава – 15€,
  • Целодневна посета на Карлови Вари со професионален туристички водич од агенцијата - 20€,
  • Целодневна посета на Дрезден со професионален туристички водич од агенцијата - 25€,
  • Посета на национален чешки ресторан - пивница - 25€,
  • Дочек на Новас година во дискотека
  • Патничко осигурување.

  • Задолжително пријавување за факултативите до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација: 25.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 04.04.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници





    ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ


    Крстарење по Влтава

    Факултативното крстарење со брод по Влтава, Ви овозможува да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура на овој град од двете страни нa реката. За време на целото крстарење, имате водење на англиски јазик преку снимено ЦД за знаменитостите покрај кои минуваме. Со класична музика ова е уште една можост да ја видите Прага од еден поинаков, панорамски поглед, од палубата на бродот кон центарот на градот.

    Традиционален Чешки ресторан

    Можност за помин на Новогодишна вечер во традиционален чешки ресторан. Национален ресторан со традиционална чешка музика и традицонална храна.

    Посета на Карлови вари

    Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла , на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле.Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура,познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“ , како и термалните извори во колонадата „Спрудел“ Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници:Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем , ванила)

    Посета на Дрезден

    Дрезден е четврт по големина, урбан регион во Германија после Берлин, Хамбург и Келн. Прв пат се именува како град во 1206 година. Поради своето извонредно културно значење исто така се нарекува Фиренца на Елба. Во овој град застапени се многу барокни градби: Операта Земпер, Палатата Цвингер (во која има 5 музеја), протестантската Богородична црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата (денешниот државен музеј каде се чува Зелениот трезор), палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), делот на некогашниот градски ѕид, Августовиот мост.

    follow_us add us to your circle