>

САЛЗБУРГ - МИНХЕН- ДВОРЦИТЕ НА БАВАРИЈА

30.12.2015-04.01.2016
6 дена / 3 ноќевања


Салцбург – родниот град на на најголемиот светски композитор - Волфганг Амадеус Моцарт (1756-1791), четврт најголем град во Австрија со 145.000 жители, кој се наоѓа под северниот дел на Алпите и на реката Салцах .Градот со својата ренесансно – барокна архитектура ги оставаат посетителите без здив уште на прв поглед и затоа со причина се смета за еден од најубавите градови во Европа.
Минхен – еден од најубавите градови во Германија, градот познат по фестивалот на пивото „Октоберфест“ и по фудбалскиот клуб - Бајерн и преубавиот стадион „Алианц арена“ е град и со бројни историски споменици, кои зборуваат за вековните Баварски владетели од династијата Вителсбах (1180-1918). Трет најголем град во Германија со 1.400.000 жители, низ кој поминува реката Исар.
Дворци во Баварија – Баварски крал, Лудвиг II (1864-1886) за краток временски период наредил да се изградат дворците од соништата: Ноешванштајн, Линдерхоф, Херенкимзе. Поради нивното градење, кое ја довело државата до банкрот, кралот е прогласен за непресметлив и бил затворен. Овие дворци достојни за секоја бајка, денес, и покрај посетата на милион туристи сеуште го враќаат долгот на државата.




1 ден (30.12.2015 – среда) СТРУМИЦА – РАДОВИШ-ШТИП- ВЕЛЕС - СКОПЈЕ-САЛЗБУРГ

Состанок со групата во Струмица во 10.00 часот, попатно земање на патниците од Радовиш, Штип, Велес и Скопје во 13.00 часот и поаѓање за Салзбург . Дневно и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија кон Австрија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (31.12.2015 – четврток) САЛЗБУРГ-МИНХЕН

Посета на Салзбург. Разглед на градот, пешачка тура: Дворец Мирабел и градината, куќата на Моцарт, стариот Плоштад, Глокеншпил, надбискупската резиденција, најстарите гробишта, најстарата кафана во Европа од VIII век. Слободно време за индивидуална прошетка. Патот продолжува во Минхен во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време и одење кон плоштад за дочек на Нова година. Ноќевање.

3 ден. (01.01.2016- петок) МИНХЕН

Појадок во хотел. После појадокот заминување на разглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденцијата Максимилианеум, националнта опера и театарот, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот Мариенплатц, плоштад Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка по градот. Во вечерните часови факултативна посета на традиционална баварска пивница. Враќање во хотел и ноќевање.

4 ден. (02.01.2016 – сабота) МИНХЕН – ЛИНДЕРХОФ – ОБЕРАМЕРГАУ – НОЕШВАНШТАЈН – МИНХЕН

Појадок во хотел. После појадокот посета на живописното гратче Оберамергау, светски познат по традиционалната манифестација Христовото страдање на пат на Голготата, на која се посветени сите мештани за време на долготрајните подготовки и одржување на свеченоста. Потоа посета на најрепрезентативниот дворец – палатата на Лудвиг II, Линдерхоф (првобитно изграден во време на Максимилијан II за потребите за лов, кој потоа Лудвиг II искажувајќи ја максимално својата екстравагантност потполно го има преуредено во рококо стил, а своите соби ги позлатил нештедејќи воопшто средства). Потоа се посетува бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови. Враќање по разгледот во хотел. Ноќевање.

5 ден. (03.01.2016 – недела) МИНХЕН –ХЕРЕНКИМЗЕ – СЛОВЕНИЈА – ХРВАТСКА - СРБИЈА

Појадок во хотел. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Херенкимзе. Попатна посета на на најголемото баварско езеро, Ким. Возење со брод до “машкиот остров” – Херенкимзе. Во низата на раскошни палати изградени во времето на екстравагантниот крал, истоимениот дворец на овој остров кој е последен изграден во рококо стил, по модел на Версај. После посетата на палатата и музејот Лудвиг II го завршуваме нашиот разглед. Потоа, се враќаме назад преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и пасошки и царински формалнмости.

6 ден. (04.01.2016 – понеделник) - СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ШТИП – РАДОВИШ - СТРУМИЦА

Пристигање во Maкедонија во пладневните часови и оставање на патниците во Скопје, Велес, Штип, Радовиш и Струмица.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 215 € (13.287 денари)
ЦЕНА НА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 295 € (18.231 денари)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 230 € (14.214 денари)
ЦЕНА НА ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 310 € (19.158 денари)



Цената на аранжманот вклучува:

  • Превозот со сопствен високотуристички автобус(ТВ, ДВД, клима, ВЦ) на дадената релација,
  • Сместување во хотел во Салзбург на база едно ноќевање со појадок,
  • Сместување во хотел во Минхен на база две ноќевања со појадок,
  • Организиран разглед со водичи од дворците: Нимфенбург, Линдерхоф и Ноешваштајн,
  • Туристички пратител за време на целото патување,
  • Организација и водство од агенцијата.


  • Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезница за дворците (карти и трошоци за резарвација за 3-те дворци на Лудвиг II) и брод на релација Приен- Херенкизме - Приен)– 45€ (задолжителна доплата во агенција при уплата на аранжманот),
  • Разглед на Салзбург со локален водич - 5 €,
  • Разглед на Минхен со локален водич -5 €,
  • вечера во пивница во Минхен – 25 €,
  • Патничко осигурување – 2 €

  • Задолжително пријавување за факултативите до 25.11.2015 и минимум пријавени патници за реализација: 35.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 04.04.2016 година

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници


    follow_us add us to your circle