>

САРАЕВО - МОСТАР


1 ден: (30.12.2015 - среда) Струмица-Радовиш-Штип-Велес- Скопје – Србија - Босна

Поагање од Струмица во 14.00 часот со попатно земање на патниците од Радовиш, Штип, Велес. Поаќање од Скопје во 17.00 часот. Заминување на групата кон Сараево преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење преку Србија со попатни застанувања за одмор и пасошки и царински формалности.

2 ден: (31.12.2015 - четврток) Сараево

Пристигнување во Сараево во претпладневните часови. Сместување во хотел . Краток одмор од патувањето, а потоа разгледување на старото градско јадро-Башчаршија со локален туристички водич. Посета на: Парламентот, Националната Библиотека, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, Башчаршиската Џамија, Латинската Чуприја-местото на атентатот на Франц Фердинанд ...Враќање во хотелот во попладневните часови. Вечерта, Дочек на Нова година 2016 на плоштад. Ноќевање.

3 ден: (01.01.2015 - петок) Сараево

Појадок. Организирана полудневна екскурзија низ Требевич (панорама), потоа изворот на реката Босна. Потоа посета на воениот тунел „Тунел на спасот“,пробиен за време на војната во Босна и Херцеговина под сараевскиот аеродром кој претставувал тројански коњ на босанската војна. Слободно време за ручек (факултативно) на планината Бјелашница. Во попладневните часови враќање во хотелот. Вечерта, организиранизирана вечера во ресторанот на хотелот со мени и музика (факултативно). Ноќевање.

4 ден: (02.01.2016 - сабота) Сараево – Мостар – Црна Гора

Појадок. Потоа заминување кон Мостар со попатна посета на Камената Ќуприја во Коњиц, срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва, а потоа продолжување кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите,град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол.Разгледување на градот со локален туристички водич. Посета на:Стариот мост,улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани,Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн.Во попладневните часови заминување кон Македонија.Ноќно возење преку Црна Гора и Албанија со попатни паузи и одмори.

5 ден: (03.01.2016 - недела) Албанија – Македонија

Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 113 € (6.983 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба до 15.11.2015: 153 € (9.455 ден.)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 123 € (7.601 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба од 16.11.2015: 163 € (10.073 ден.)


Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел 3* во Сараево на база две ноќевања со појадок,
  • Разгледување на Сараево, Коњиц и Мостар со локален туристички водич,
  • Полудневна екскурзија низ Сараево и околината (Требевич, Врело на Босна, Тунел на спас, Бјелашница),
  • Професионален туристички придружник од агенцијата,
  • Организација на патувањето и водство од агенцијата.

  • Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Организирана вечера – 25 евра
  • Влезници во музеите и во културно-историските споменици
  • Патничко осигурување

  • Задолжително пријавување до 15.12.2015 и минимум пријавени патници за реализација на секоја факултатива е 25.

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 04.04.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ТА Атлантис

    follow_us add us to your circle