>

ФРАНЦУСКА РИВИЕРА

МИЛАНО - НИЦА – ЕЗ - КАН – МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО

29.12.2015-03.01.2016
(6 денови / 3 ноќевања)





1 ден, (29.12.2015 – вторник), Македонија – Србија – Хрватска – Венеција

Поаѓање во 8 часот од Струмица, попатно собирање на патниците од Радовиш, Штип, Велес и Скопје. Тргнување од Македонија. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија кон Италија.

2 ден, (30.12.2015 – среда), Милано

Пристигање во претпладневните часови во Милано (1.550 км). Сместување во хотел и краток одмор. Факултативен разглед со локален водич на Милано и неговите знаменитости: Замокот Сфорца, Дуомо, Галерија Виторио Емануеле II, Скала. Посета на фудбалскиот стадион „Џузепе Меаца“ (Сан Сиро), каде своите утакмици ги играат Интер и Милан. Враќање во хотел и време за одмор. Ноќевање.

3 ден, (31.12.2015 – четврток), Милано - Фрагонард парфимерија - Ница

Појадок во хотел. Одјавување од хотел и продолжување на патот кон Ница. Пристигнување во Ница и сместување во хотел. Факултативен разглед со локален водич на Ница: Англиското шеталиште, Негреско хотел, Руската Црква, авенијата Медсен, Водопадите. Дочек на Нова година на плоштад во Ница. Ноќевање.

4 ден, (01.01.2016 – петок), Ница – Кан – Сент Тропе - Ница

Појадок во хотел Тргнување на факултативен разглед кон Сент Тропе и Кан во 10.00 часот. Разглед на Сент Тропе, најмонденскиот град на француската ривиера со многу луксузни јахти и на стариот град. Продолжуваме потоа на трочасовен разглед на Кан: филмската Палата, стариот дел на градот, монденското шеталиште Кроисет и слободно време за прошетка. Враќање за Ница во попладневните часови. Ноќевање.

5 ден, (02.01.2016 – сабота), Ница – Фрагонард - Монако – Словенија – Хрватска

Појадок во хотел После појадокот се одјавуваме од хотел и одиме кон Ез, каде ја посетуваме познатата парфимерија „Фрагонард“. Продолжување на патувањето кон Монте Карло и Монако. Разглед на Монако и Монте Карло: Палатата Грималди, Катедралата, Океанографскиот Музеј, патеката за Формула 1, посета и можност за коцкање во познатите казина во Монте Карло. Во 18 часот тргнување од Монако и патување кон Белград (1.300 км).

6 ден, (03.01.2016 – недела), Белград - Македонија

По пристигнувањето во утринските часови во Белград, слободно време за индивидуални прошетки или шопинг низ градот. Во пладневните часови, поаѓање за Скопје. Возење со попатни паузи за одмор и други царински формалности. Пристигнување во Македонија во доцните попладневни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 15.11.2015: 242 € (14.955 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба до 15.11.2015: 292 € (18.045 ден.)



ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ од 16.11.2015: 250 € (15.450 ден.)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ во еднокреветна соба од 16.11.2015: 300 € (18.540 ден.)




Во цената на аранжманот вклучено е:

  • Превоз со високотуристички автобуси,
  • Сместување во хотел во Милано со 3* на база на 1 НП (нокевање/појадок),
  • Сместување во хотел во Ница со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок),
  • Професионален туристички придружник за време на целата екскурзија,
  • Организација и реализација на програмата.


  • Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Локални водичи за Ница и за Милано – 10 евра,
  • Превоз и разглед со водич на градовите Сент Тропе и Кан – 30 евра,
  • Патничко осигурување.


  • Задолжително пријавување за факултативите до 25.09.2015 и минимум пријавени патници за реализација: 25.

    Цената е по курс од 1 еуро = 61, 8 денари

    За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 12.01.2016 година.

    За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

    follow_us add us to your circle