>

AtlantiS Palace

Hotel AtlantiS Palace

БАЊА БАНСКО


Бања Банско се наоѓа во струмичката котлина во регионот на Општина Струмица. Банско е лоцирано на 12 км оддалеченост од Струмица и до него се пристигнува по два патни правци. Првата варијанта да се дојде до Банско е да се користи патниот правец: Струмица – Куклиш – Свидовица - Банско, а вториот патен правец води преку: Струмица – Дабиле – Робово – Муртино – Банско.


Во Банско се наоѓа најтоплиот извор во Македонија – Парило. Температурата на водата изнесува 72 степени. Водата од овој извор располага со минерални, хипертермни, слабо алкални води, со зголемен ниво на калиум, сулфати и флуор. Водата е дозволена за пиење. Овие води се погодни за лечење на повеќе видови болести и тоа: астматични, ревматски, болести на дигестивните органи (гастритис, чир), нервни заболувања, женски гинеколошки болести, ишијалгии, состојби после жолтица и скршеници на коски.


Во падините под планината Беласица во селото Банско е лоциран хотелот „Атлантис Палас“ 3*. Хотелот претставува трикатна градба, при што на првиот спрат е лоциран модерно опремен ресторан со капацитет од 350 столови и помошен дел со можност за уште 70 столови. На вториот и третиот спрат се наоѓаат 17 соби и тоа: 2 двокреветни, 1 трокреветна и 14 четирикреветни. Сите соби се добро опремени и имаат свое купатило, кабловска телевизија, безжичен интернет и тераса од која се има поглед на целата струмичка котлина. Во дворот на хотелот се наоѓа летна бавча, од каде се има прекрасен поглед на боровата и дабова шума на планината Беласица. Хотелот ја користи термалната вода од изворот „Парило“ освен за загревање на хотелот, исто и за хотелските кади и тушови, кои може да ги користат хотелските гости. Хотелот нуди можност за организација на семинари, свадбени и други свечености. Хотелот нуди можност и за сместување на групи за ученички екскурзии. Љубезниот персонал на хотелот може да Ви помогне во соработка со тур операторот Атлантис, да изнајмите rent –a –car, или пак да Ви изнајмат туристички водич или да Ви организираат екскурзии во Струмица.


Хотелот „Атлантис Палас“ има идеална местоположба, ако сакате да ги посетите културните и природните знаменитости на струмичкиот регион. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа локалитетот - Доцноримското термално лекувашите од III век, кој се претпоставува дека било изградено во времето на римскиот император, Каракала. Објектот е многу добро сочуван и висината на зидовите изнесува од 2 до 6,7 метри и има 11 простории, кои се простираат на 623 м².


Природни знаменитости, кои може да ги посетите, а се наоѓаат на планината Беласица се: најголемиот постојан водопад во Македонија – Смоларскиот со висина од 38 метри, потоа на 5 км од Банско се наоѓаат и Колешинските водопади, кои се со висина од 17 метри и се многу живописни и Мокринските извори, кои извираат од столетните дрвја.

Ценовник

Полн Пансион (Двокреветна по лице) - - - 890 ден

Полн Пансион (Еднокреветна по лице) - - 950 ден

Полупансион (Двокреветна по лице) - - - - 790 ден

Полупансион (Еднокреветна по лице) - - - 840 ден


Ноќевања Со Појадок

Двокреветна Соба по лице - - - - - - - - - - - - 620 ден

Едноокреветна Соба по лице - - - - - - - - - - 720 ден


Ноќевања без Појадок

Двокреветна Соба по лице - - - - - - - - - - - - 590 ден

Едноокреветна Соба по лице - - - - - - - - - - 650 ден

Дневен Престој по лице -- - - - - - - - - - - - - - 700 ден