>

ВИЕТНАМ И КАМБОЏА

АВАНТУРА СО СЛАМЕНИ ШЕШИРИ НИЗ ЧУДАТА НА ИСТОКОТ


01.02. – 12.02.2016 г.
9 ноќевања + 1 транзитна ноќ во Доха

Маршрута:
Софија – Доха – Ханои – Халонг Беи – Хои Ан – Саигон – Сием Реап – Саигон – Доха – Софија


01.02.2016 г.: Софија – Доха – Ханои

Полетување од аеродром Софија до Ханои со АК “Qatar Airways” во 16:45 ч. Слетување во Доха во 22:20 ч. Полетување за Виетнам во 01:25 ч. на 02.02. Пристигнување на меѓународниот аеродром во Ханои во 14:45 ч. на 02.02.2016г.

02.02.2016 г.: Ханои

Средба на аеродром со представник на партнерската агенција – добредојде во градот сместен на брегот на Црвената река. Виетнам е една фасцинантна држава, која е позната по автентичните виетнамски шешири од бамбус, улични трговци, гужви од мопеди низ градовите, плутачките пазари на река Меконг, и многу насмеани лица. ОД храмовите на Ханои и островите на заливот Халонг до плажите на Транг и дворците на Хое, тоа е место со уникатен дух. Древни пагоди и колонијални куќи се борат за пространство со модерните небордери, а тесните улички се прекрасни места каде можете да го поминете цел ден и цела ноќ. Трансфер до хотел 4*. Сместување. Ноќевање.

03.02.2016 г.: Ханои

Појадок. Обиколка на впечатливиот Ханои. Иако е најсовременото место во Виетнам, Ханои сеуште ги има запазено мистеријата и шармот на минатите векови. Тесните улички и традиционални продавнички ги канат посетителите на градот кон едно возбудливо истражување, додека неговите прекрасни езера, паркови, булевари и споменици даваат на градот вид на елеганција и хармонија со природата, уникатно за Виетнам. Денот започнува со посета на домот каде Хо Ши Мин, можеби најпознатиот Виетнамски политичар, живеел од 1958 г. до последните денови (1969 г.). Куќата е зачувана во истата состојба како за време додека живеел Виетнамскиот револуционер, и може да се разгледа низ прозорците. Продолжуваме кон Пагодата со прекрасен споменик напревен од дрво, со дијаметар 1,25м кои датира од ХI век, обноврен одкако е бил разрушен од французите во 1954 г. Оттаму се упатуваме кон Храмот на литературатa–серија од заградени дворови и грациозни порти, еден од нај-добрите примери за традиционална виетнамска архитектура. Основен во 1070 г. и посветен на Конфуции, тоа е и местото на првиот универзитет во Виетнам. Продолжуваме кон езерото Хоан Кием и Грам Нгок Сон, кои се наоѓаат во срцето на Ханои, каде што се наоѓа едно островче со мала Пагода желка. За време на нашата прошетка ќе поминеме и низ други колониални забележителности, како прекрасната Опера (може да се види само однадвор) и катедралата Св Јосиф. ОД езерото ќе имаме можност да го запознаеме Стариот кварт.Таа мрежа од тесни улички и продавници е позната како “36-те улици”. Секоја улица го носи името на стоката која се продава таму. Тоа е рај за посетителите и бескрајно интересно место за запознавање на месниот живот. Во следните часови ќе ги посетиме Историскиот музеј, кој се наоѓа точно зад Операта.Националниот музеј на историјата на Виетнам се помешува во елегантна зграда од 1930г, каде што се спојувале музејот Ecole Francaise d'Extreme Orient. Музејот за раскажува историјата на државата и вклучува експонати, опфаќајки ја целата историја на Виетнам вклучувајки и Праисторијата, прото-виетнамските цивилизации, Црвените кралства итн. Трансфер до хотелот. Краток одмор и потоа посета на традиционална представа – водено куклено шоу (вклучено во цената). Ноќевање.

04.02.2016 г.: Ханои – Заливот Халонг – Ханои

По појадокот го напуштаме прекрасниот Ханои, за да се упатиме кон живописниот залив Халонг, или буквално во превод „кога змејот се спушта во морето“. Според легендата, кога месните жители се соочувале со Кинеските окупатори, боговите испраќале фамилија змејови, за да ги заштитат земјите. Змејовите почнале да плујат скапоцени камени, кои се претвориле во острови, формирајки заштитен зид, благодарение на кој луѓето ја зачувале својата земја, а потоа создале и држава со име Виетнам. Во продолжение на 120 километри брегова линија на залива Халонг, кој е вклучен и во списокот на УНЕСКО за светски природни наследства, се распространети околу 3 илјади острови. Тоа е и едно од највпечатливото природно богатство на Виетнам. Халонг се наоѓа и меѓу 33 најубави заливи во светот. Пристигнување на кеј околу ручек, одкаде ќе се качиме на традиционалното бродче за разглед на заливот. Додека се движиме низ прекрасниот Халонг Халонг, на бродчето ќе биде сервиран ручек. Крстарењето минува низ уникатни карпени форми со имиња како Камено Куче и сл. На островчето се наоѓа една незаборавна пештера наречена Thien Cung, која е последната, која ќе ја видиме, пред да се вратиме кон кејот во Халонг околу 16.30 ч. Трансфер до хотел 4* во Ханои. Ноќевање.

05.02.2016 г.: Ханои – Дананг – Хои Ан

Појадок. Трансфер до аеродромот во Ханои. Пристигнување во Дананг и патување до Хои Ан, и попатен разглед на малите села. Пристигнување во Хои Ан и обиколка на градот (околу 2ипол часа). Со околу 120 000 жители, Хои Ан е признат за објект на културно наследство на УНЕСКО. Хои Ан е древен град, исклучително добро зачуван пример за Југоисточна Азија на трговско пристаниште, кое датира од XVII, XVIII и XIX век. Посета на Јапонскиот покриен мост, изграден во 1593 г. од јапонската општина, за да го поврзи градот со кинеските квартови. Блиску до мостот се наоѓа музејот Sa Huynh, каде што се посетуваат изложби од нај-раниот период од историјата на Хои Ан. Ке ја посетиме и семејниот храм Тран - 200-годишна куќа, изградена за почит кон предците. Ќе ја посетиме и салата Phuoc Kien, Кинеска пагода, изградена околу 1690 г. и раширена во 1900 г. Та е типична за Кинеските кланови во Хои Ан и е посветена на Thien Hau Thanh Мау, богињата на морето и заштитник на морепловците и рибарите. Исто така ќе имаме можност да ја посетиме работилница, каде ќе ни покажат, как се прават типичните фенери, които се гледат низ целиот град. Трансфер до хотел 4*. Сместување. Ноќевање.

06.02.2016 -Хои Ан

Појадок. Слободен ден за плажа или можност за дополнителни екскурзии: Час по готвење во Tra Que (пола ден) - 87 $ по лице Рано наутро ќе отпатуваме од хотелот во Хои Ан и ќе минеме низ оризните полиња до селото Tra Que. Tra Que е селце во Виетнам познато по квалитетот и разноврсноста на своите зеленчуци и билки, одгледани со помош на специален метод за биолошко земјоделие. Ќе направиме обиколка на градините со околен фармер, кој ќе ни раскаже за различните растенија. Продолжуваме со запознавање на месниот начин на живот, ќе учествуваме во процес на чистење на земјата, посејување на семиња, поливање и берење на различни зеленчуци и уште многу градинарски дејности. Потоа ќе се вратиме во куќата на фармерот, каде што ке научиме како се приготвуваат традиционални виетнамски јадења. По ручекот се враќаме во Хои Ан. Ми Сон (пола ден)69 $ по лице Патување до Ми Сон, бивш религиозен центар на Кралство Чампа, феномен во политичката и културна историја на Југоисточна Азија, кој го владее регионот од IV до XIII век. Рушевините на пет археолошки објекти се расположени сред зелени ридови и брзи потоци. По кратката посета на центарот за туристи, каде што ке се запознаеме со историјата и културата на Чампа, ке прошетаме по шумските патеки за да ги разгледаме рушевините. Светилиштето Ми Сон е вклучено во списокот на УНЕСКО за световно наследство и е едно од најпосетуваните места во регионот. Овде во IX и X век се изградени најубавите храмови во чест на богот Шива, а самото светилиште е најважниот религиозен центар за най-красивите храмове в чест на бог Шива, а самото светилище е най-важният религиозен център за управителите од династијата Чимпа. Денес Ми Сон е еден од најголемите Хинду комплекси во Југоисточна Азија и служи како доказ за постоењето на азиатска цивилизација.За време на Виетнамската војна многу од храмовите се уништени, но благодарение на заштитата на УНЕСКО, денес дел од комплексот е добро зачуван.

07.02.2016 Хои Ан – Дананг – Саигон

Појадок. Трансфер до аеродром Дананг. Лет од Дананг – Саигон. Пристигнување во Саигон и обиколка на градот (околу 4 часа). Саигон е жив метрополис, кој изобилува со енергија, активност и движење. На каде и да погледнете, ќе видите зближување на традиционалниот и модерниот живот. До 1975 г. Саигон е главен град на Република Јужен Виетнам, а по обидинувањето на државата, градот е наречен Хо Ши Мин – по името на лидерот на Виетнамската комунистичка партија и прецедател на Социалистичка република Виетнам. Ќе го започнеме нашиот разглед со современата историја на градот и обиколка на Дворецот на обединување. Това е бившиот дворец на прецедателот на Јужен Виетнам. Таа зграда во стил 60-те е разрушена на 30 април 1975 г., како резултат на што е објавено паѓањето на Јужен Виетнам. Зградата е била зачувана во оригиналниот изглед, а тенковите, со кои е разрушена, се изложени до влезните порти. Потоа продолжуваме кон историскиот центар за посета на пагодата на император Jade, еден од нај-интересните во Саигон. Ја продолжуваме нашата обиколка со посета на Катедралата Нотр Дам во неоромански стил, која е и копија на таа во Париз, а потоа ќе ја видиме и Централната Пошта. Ќе се запознаеме и со убавините во по-класичен европски стил, како богато украсеното собрание (Hotel De Ville), старата Опера (се разгледува само однадвор). И на крајот ќе го посетиме централниот пазар Ben Thanh, каде што стоките се привлечни за секој вкус. Трансфер до хотел 4*. Сместување. Ноќевање.

08.02.2016 Саигон – Ку Чи – Саигон

Појадок. Патување за тунелите Ку Чи (турата продолжува околу 5 ипол часа). Никогаш неоткриени од американските сили,тунелите Ку Чи се важна база за време на американската војна. Со должина над 200 км, таа неверојатна подземна мрежа, која ги сврзувала бившите командни пунктови, болници свързва бившите командни пунктове, болници, оружни складипта, е ископанана на рака, со нај-примитивни лопати и селски кошници за изнесување на песокта. За време на прошетката низ регионот ќе научите за секојдневието на Виетконг, ќе видите умешно прикривање во тунелите, а дури ќе можете да преживеете една авантура внатре во самите тунели, некои од кои се променети, за да можат туристите да запознаат дел од подземната мрежа. Враќање во Саигон. Трансфер до хотелот и слободно време. Ноќевање. На тој ден (08.02.2016 г.) се одбележува Виетнамската Нова година или Tết Nguyên Đán, нарекувана кратко Тет, која се празнува според месечинскиот календар. Секој месец по тој календар започнува од вечерта, кога ќе се покаже месечината. Празникот продолжува два дена, и секоја година датата се менува меѓу 21 јануари и 21 февруари. Ќе имате можност да видите како се одбележува новогодишната ноќ во Виетнам.

09.02.2016 Саигон – Сием Реап – Ангкор Том – Сием Реап

Појадок. Патување до аеродромот Саигон за лет до Сием Реап. Пристигнување во Камбоџа. Камбоџа е прекрасна и егзотична држава, која со население од над 15 милиони, е 69-ата нај-населена држава во света. Официјалната религија е теравада будизам (нај-консервативната школа во будизмот), практикуван од околу 95 % од населението. Поголемиот дел од населението на државата е составено од таканаречени кхмери, за кои велат, дека се најубави меѓу азиатите. Поаѓаме кон Ангкор Том. Градот Ангкор Том е со површина од 10 кв. км. Ограден од карпи, градот вклучува многу од најпопуларните места на Ангкор.. Ќе влеземе од Јужната порта, обликувана од двете страни од статуи на демони и богови. Ќе продолжиме кон терасата на слонови и терасата на към терасата на слоновете и терасата на царовите, места, кадешто се случувале општи церемонии. Ќе го посетиме храмот Бапхуон и Фимеанакас, храм од 11 век, изграден од Сурјаварман I. Продолжуваме кон мистериозниот храм на Џајаварман VII - Баион. Тој храм е еден од нај популарните во Ангкор. Ќе ги разгледаме галериите од прекрасните и зачувани БАН релефи, ќе се качиме по тесните скали, за да стигнеме до центарот на светилиштето. Целиот храм се состои од 52 четирилики камени кули, чиј број не е случаен – толку се неделите во годината. Никаде во светот нема ништо слично на кулите на Баион. Секоја од нив е со четири огромни, кон четирите страни на светот човечки лица. Централната кула ја симболизира светата планина Баион, центарот на вселената. Во центарот на кулата се наоѓала огромна камена статуа на Буда со височина од 4,75м. Таа статуа е уништена од иконокрадците од Средновековието. Денес можеме да видиме само распрснати фрагменти од територијата на храмот. Друго мислење за бројот на кулите е, дека секоја од 52-те кули соодветствува на една од провинциите на средновековната Камбоџа, а централната кула на Баион го симболизира цар Џајаварман. Трансфер до хотел 4*. Сместување. Ноќевање.

10.02.2016 г. Сием Реап – Ангкор Ват – Саигон

Појадок. Патување кон Ангкор Ват и обиколка. Ангкор Ват е национален симбол и највисока точка на секоја посета на Камбоџа –најголемиот, најдобро зачуван и нај религиозниот од храмовите Ангкор. Изграден е од владетелот Сурјаварман II во 12 век во Јасодхарапура како државен храм... Ангкор Ват комбинира елементи на две основни форми на кмерската храмова архитектура: храмот планина и подоцниот галериен храм, основајки се на раната дравидска архитектура со карактерните џагати За да се доближиме до храмот, прво треба да го пресечеме големиот ров, продолжувајки по широк тротоар. При влегување во основната структура, ќе се качиме низ серија од галерии и внатрешен двор, пред да стигнеме до централното светилиште, кое нуди прекрасна глетка и од другата страна на прекрасната природа. По патот ќе застанеме, за да ги видиме сложените камени резби. По карпите на надворешната галерија е изобразен најдолгиот непрекинат барелеф во светот, каде се раскажуваат истории од Индиската митологија. Ангкор Ват е прекрасен во секое време на денот, но на изгрејсонце и зајдисонце е особено прекрасен. Трансфер до аеродром во Сием Реап. Лет до Саигон. Пристигнување во Саигон. Трансфер до хотел 4*. Сместување. Ноќевање.

11.02.2016 г. Саигон – Доха

Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродром за лет Саигон – Доха. Полетува од Саигон во 19:00 ч. Пристигнува во Доха 23:25 ч. Сместување во хотел.

12.02.2016 г. Доха – София

Лет Доха – Софија. Полетува од Доха во 07:35 ч. Пристигнува во София во 11:40 ч.

Дата на патување:

Цена по лице
во Double Room

Цена по лице
во Single Room

Трет возрасен

01.02.2016
– 12.02.2016

1995 €
/ 3902 лв.

2360 €
/ 4616 лв.

1915 €
/ 3745 лв.



Пакетната цена вклучува:

• Авио билет Софија – Доха – Ханои / Саигон – Доха – Софија
• Авио билет Ханои – Дананг со вклучени аеродромски такси
• Авио билет Дананг – Саигон со вклучени аеродромски такси
• Авио билет Саигон – Сием Реап со вклучени аеродромски такси
• Авио билет Сием Реап – Сайгон со вклучени аеродромски такси
• Сите трансфери и екскурзии опишени во програмата
• 3 ноќевања со појадок во хотел Flower Garden Hotel 4* или сличен во Ханои
• 2 ноќевања со појадок во хотел Hoi An Beach Resort 4*или сличен во Хои Ан
• 3 ноќевања со појадок во хотел Liberty Central Saigon Riverside 4*или сличен во Саигон
• 1 ноќевање со појадок во хотел Angkor Boutique Tropic Hotel 4* или сличен во Сием Реап
• Сместување во хотел во близина до аеродромот во Доха за транзитна ноќ на враќање
• Посета на водно куклено шоу во Ханои
• 1 бесплатно шише вода и 1 ладна крпа по лице на полудневните екскурзии / 2 шишиња вода и 2 ладни крпи по лице на целодневните екскурзии
• Вклучени влезници за објектите според маршута
• Водич на Англиски
• Водич-преведувач од агенцијата (на бугарски)
• Осигурување

Пакетната цена не вклучува:

• Аеродромски такси за основниот лет – 295 евра / подлежи на промени.
• Виза за Виетнам - 100 USD / околу 91 еур – се доплаќа задолжително
• Виза за Камбоџа - 30 USD / 28 еур (се прави на место) – се доплаќа задолжително
• Дополнителни екскурзии по желба
• Расходи од лично задоволство
• Бакшиши, кои се плаќаат на место
• Осигурување

Доплати по желба:

• Вечери во хотелите, според следниве цени:
− Flower Garden Hotel, Ханои - 22 USD по лице на ноќ, сет мени
− Hoi An Beach Resort, Хои Ан – 27 USD по лице на ноќ, сет мени
− Liberty Central Saigon Riverside, Сайгон – 30 USD по лице на ноќ, шведска маса
− Angkor Boutique Tropic Hotel, Сием Реап– 22 USD по лице на ноќ, сет мени

Услови за резервација:

• 40 % депозит од пакетната цена при резервација и склучување на договор за туристичко патување.
• Копија од меѓународен пасош
• Доплата до 04.01.2016 г.

Неопходни документи за визи:

• За Виетнам:
o Меѓународен пасош, валиден минимум 6 месеци од датата на завршување на турата - во пасошот треба да има една цела слободна страница, за да може врз неа да биде ставена визата за државата, и на задната страна на таа страница не треба да има останати визи, освен печати од гранична контрола
o формулар – молба за издавање на влезно-излезна виза за Виетнам
o 1 слика со пасош формат со размер 4 х 6 см
o копија од лична карта
o такса

• За Камбоџа: o Меѓународен пасош, валиден минимум 6 месеци по датата на завршување - во пасошот треба да има една цела слободна страница, за да може врз неа да се стави визата, како и на задната страна на истата страница не треба да има друга виза освен печат од гранична контрола
o Пополнет визен формулар за туристичка виза за Камбоджа
o 1 слика со пасош формат со размер 4 х 6 см
o Такса

Дополнителна информация:

• Неопходен минимален број на учесници за реализирање на екскурзијата - 16 туристи
• Рок за известување при недостигнат минимум: 30 дена пред датата на патување
• Пакетната цена е калкулирана по курс 1,75 лв. за долар кон 27.07.2015 г. При промена на курсот со повеќе од 5 % во периодот до туристичкото патување, фирмата си ги запазува правото за прекалкулирање на основната пакетна цена, сообразно промената на валутниот курс.

Забелешка: При лоши метеоролошки услови, програмата може да претрпи промена! Времето на полетување исто подлежат на промени!
Откази и пенали по програмата: Во случај на отказ од патувањето /ТП/, платената сума се задржува при следните услови:
• до 150 дена пред датата на патување – без пенали
• од 149 до 108 дена пред датата на патување – 10 % од вредноста на ТП
• од 107 дена до 28 дена пред патувањето – 40 % од вредноста на ТП
• од 27 до 0 дни - 100 % од вредноста на ТП

follow_us add us to your circle