>

Израел - Јордан

Есен 2015

6 дена / 5 ноќи

Софија - Аеродром Бен Гурион - Хаифа - Назарет - Тиберија - Џераж - Небо – Мадаба- Петра - Шобак- Аман - Бетанија - Мртво море - Кумран - Витлеем - Ерусалим - Тел Авив - Јафо – Софија

Програма
1 ден Аеродром Бен Гурион - Хаифа - Назарет - Тиберија

Пристигнување на аеродром Бен Гурион - 13.30ч. Средба во салата за пристигнати од представник на локалната агенција. Патување за прекрасниот град Хаифа, сместен на брегот на Средоземно море. Панорамна глетка кон Бахајските градини и заливот на Хаифа. Заминување за град Назарет, местото, каде Архангел Гавраил и соопштува на Дева Марија, дека ќе роди Син и каде што Христос го живеел поголемиот дел од животот: при можност, посета на црквата Благовещение и работилницата на Свети Јосиф. Вечера и ноќевање, Назарет или Тиберија.


2 ден Џераж - Небо – Мадаба- Петра

Појадок. Преминување од Израел во Јордан низ гранишниот премин Шеик Хусеин. Патување во најдобро зачуваниот римски град на Блискиот Исток и Џераж (древниот Гераса) - основен од војниците на Александар Македонски во ІV в. пр.н.е., покасно станува дел од космополитните градови на грчко-римскиот Декаполис: триумфалната арка на имп. Адриан, форумот со овална форма, агората, нимфеумот, храмот на Артемида(богињата на Джераж), други антички храмови, Јужниот театар и многу цркви од раното Средновековие. Заминување за Мадаба – градот е познат по многуте христијански цркви. Најпозната е православната црква “Свети Георги”, позната по уникатниот мозаик кој претставува детална цветна карта на Светите земји од Византиската епоха. Денес во Мадаба има Институт за мозаечно искуство и десетици работилници, кои се занимаваат со тој занает. Посета на планината Небо – прекрасна глетка кон Израел и дел од долината на река Јордан. Според Библијата тоа е местото, на кое Мојсеј се искачува, за да ја види за прв пат Ветената земја.Според Светото Писмо, Мојсеј умира и е погребен таму. Црквата е од средината на IV век и е изградена во сеќавање на местото, каде што умира Мојсеј. Во неа се зачувани прекрасните мозаици. Патување за Петра. Вечера и ноќевање.


3 ден Петра – Шобак- Аман

Појадок.Организиран разглед на Петра, главниот град на Набатејците. Во 2007 е избран како еден од седумте нови светски чуда.Се наоѓа во природната планинска долина Вади Муса (Долината на Мојсеј). Првите познати жители се Едомците кои живееле тука околу 1000 г.пр.н.е. Според Библијата тие биле потомци на Исав, а референците во Светото Писмо (4 Цар. 14:7; 2лет . 25:12; Ис.42:11) за место наречено Села (“ карпеста меснот” на еврејски) речиси сигурно се однесуваат за Петра (“камен” на грчки).Розовоцрвеникавиот град Петра некогаш просперирал како важен премин од античките трговски правци. Тој е опкружен со високи планини и е достапна низ тесна клисура а извонредните издлабнени во карпи згради се задржани непроменети: Ал-Фарун (Скриеното Богатство) многубројни карпени гробници, амфитеатар, Триумфалната капија, Посета на замокот на крстоноците Монтреал (лат Mont regalis “Кралски Рид” познат уште како Шобак) изграден од Темплари во 1116 гоина по наредба на Ерусалимскиот крал Болдвин I . Заминување за Аман. Вечера и ноќевање.


4 ден Аман - Бетаниja - Мртво море - Кумран

Појадок. Посета на Бетанија – на тое место Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Преминување од Јордан во Израел преку граничниот премин Аленби. Заминување кон Мртво море - нај-ниското место во света, околу 420 метри под морското ниво. Слободно време за бањање во нај-соленото море. Поаѓање за Витлеем. Вечера и ноќевање во Ерусалим или Витлеем.


5 ден Витлеем - Ерусалим

Појадок. Посета на местото каде што е роден Исус Христос и во чест на тоа е изградена базилика „Раѓање Христово“ во Витлеем- големата забележителност на градот. Според библиското пророчество Месијата требало да биде потомк на Давид и да се роди во неговиот град. Туристичка програма во Ерусалим. Пешачка обиколка на Стариот град: Гетсиманската градина - традиционално почитувана како местото, каде што Исус Христос се моли во ноќта на залавянето му. Денес тој настан се спомнува во една базилика, посветена на страдањето Христово, и осум стари маслинови дрва, чија возраст е над 2000 години; Виа Долороса (од лат. „Патот на болката“) - таа e улицата во древниот Ерусалем, по којпоминал со крстот Исус Христос кон местото на распнување — Голгота; храмовиот комплекс Божји гроб – нај- светото место на Христијанския свет, кадето е распнат, погребан и воскреснал Христос; Карпата на плакот - единствената структура, останата от Ерусалимскиот(Соломоновиот) храм. Тој назив доаѓа од тоа, што евреите често оделе таму, за да тажат за смртта на храмот; Брдото Сион(Давидовиот град) – гробот на цар Давид и собата на Тајната вечера. Посетување на Новиот град на Ерусалим: парламентот на државата Израел (Кнесет), Министерствата на Израел, Музејот на Израел/однадвор/. Вечера и ноќевање во Ерусалем или Витлеем


6 ден Тел Авив - Јафо

Појадок. Посета на црквата со гробот на свети Георги во Лод (древниот град Лида Палестинска). Панорамски разглед на Тел Авив. Туристичка програма в Јафо, еден од најстарите градови на Блискиот Исток, кој се наоѓа на брдо кое нуди прекрасна гледка на брегот на Тел Авив со неговите плажи: посета на регионот на старото пристаниште со прекрасни ресторани, во кои се предлагаат морски специјалитети – мали кафанки и пекари скриени во тесните улички. Трансфер до аеродромот Бен Гурион. Полетување за Бугарија во 18:30 ч. Пристигнување на аеродром Софија околу 21:30 ч.



Пакетни цени:

Дати: По лице во Double room Single Room Tрет возрасен во соба Дете до 11 г со двајца
возрасни во соба
09.10.2015 908 ЕУР 1059 ЕУР 908 ЕУР 857 ЕУР
23.10.2015 908 ЕУР 1059 ЕУР 908 ЕУР 857 ЕУР
30.10.2015 908 ЕУР 1059 ЕУР 908 ЕУР 857 ЕУР
20.11.2015 908 ЕУР 1059 ЕУР 908 ЕУР 857 ЕУР

Услови за резервација:
  • копија од меѓународен пасош
  • депозит од 285 еур по лице
  • Доплата – 1 месец пред датата на заминување

Место

Хотел 3* стандарт

Ноќевања

Тиберија/Назарет

Arcadia или сличен
http://www.arcadiahotels.co.il

1

Петра

Al Anbat  или сличен
http://www.alanbat.com

1

Аман

Arena hotel или сличен
http://www.arenahoteljordan.com

1

Витлеем

Paradise или сличен
http://www.paradisebethlehem.com

2


Цената вклучува:
  • Авио билет Софија-Тел Авив-Софија со редовен лет на авиокомпанија Ел Ал со вклучен багаж
  • Авионски такси (130 еур)
  • 5 ноќевања со појадок и вечера(1 во Тиберија, 1 во Петра, 1 во Аман, 2 во Витлеем,).
  • Водич на Бугарски јазик во Израел и на Бугарски/Руски јазик во Јордан
  • Луксузен автобус
  • Сите трансфери во програмата
  • Сите екскурзии во програмата
  • Влезни билети за објектите во програмата
  • виза
  • водич на групата од Бугарија
  • Медицинско осигурување

Цената не вклучува:
  • бакшиши – 5 долари по лице на ден
  • осигирување

follow_us add us to your circle