>

Нова Година во КОСТА ДЕЛ СОЛ

28.12.2015 – 03.01.2016
(6 дена / 5 ноќи)


Програма

1-ви ден: 28.12.2015 (Понеделник):

Полетување од аеродром Софија, терминал 2 во 16:00 ч. со лет на АК „Бугарија Ер”. Пристигнување на аеродром во Малага во 18:45 ч. Средба, трансфер и сместување во избраниот хотел. Вечера и ноќевање.

2-ри ден: 29.12.2015 (Вторник):

Појадок. Слободно време или можност за дополнителна екскурзија.

Гранада: За Гранада велат дека е еден од најубавите градови во светот. Поети, музичари и артисти се воодошевувани од Гранада. Интерес претставуваат Албисинскиот кварт и дворецот Алхамбра Утрото - напуштање на хотелот. Пристигнување во Гранада. Панорамска обиколка на градот. Ќе поминете низ квартот Албаисин и ќе отидете до местото на Св.Христофор. Слободно време за самостална прошетка. Во определеното време од водичот, се упатувате со автобус кон дворецот Алхамбра. Се посетуваат “салата на двете сестри” и познатиот “двор на лавови”, кои ќе Ве однесат во 14 – ти век. Дворецот на Карл V и градините на Хенералифе – летната резиденција на шпанските кралеви со многу фонтани. Од тука можете да уживате во прекрасна глетка кон градот и Сиера Невада. Можност за ручек во регионот со многу ресторани со типична кујна (по желба). Одпатување од Гранада. Враќање во хотелот.
Цена: 79 евра
Цената вклучува: транспорт со автобус + придружба од водич на бугарски јазик, локален водич за посета на Алхамбра, посета на градот со туристички придружник, билет за Алхамбра и Градините на Хенералифе.

3-ти ден: 30.12.2015 (Среда ):

Појадок. Слободно време или можност за дополнтиелна екскурзија

Танжер, Мароко - целодневна екскурзија: *За оваа екскурзија е неопходен меѓународен пасош Отпатување од хотелот рано наутро према Тарифа, од каде што со фериброд се пресекува Гибралтарскиот прелаз. Пристигнување во Танжер, Мароко и обиколка на градот со автобус и локален водич. Прошетка на нај-интересните места во стариот град - казбата, медината, Зоко и др. Ручек во традиционален локален ресторант со програма, каде ќе Ви предложат типични локални јадења: харира, кус-кус, кефта, моруна, чај и слатки. Ќе имате можност да посетите традиционален пазар, каде ќе Ви раскажат за технологијата на правење на килими (традиционален Марокански занаат). Слободно време за купување на сувенири. Патување кон пристаништето. Враќање во Алхесирас и Тарифа со фериброд и со автобус до ресортите во Коста дел Сол. Цена: 85 евра
Цената вклучува: транспорт со автобус + водич на Бугарски јазик, билети за фериброд, посета на градот со локален водич, ручек во локален ресторант

4-ти ден: 31.12.2015 (Четврток):

Појадок. Свободно време или можност за дополнителна екскурзија.
Гибралтар: Гибралтар е независна територија на Обединетото Кралство. Посакувана земја од сите империи во историјата, поради стратешката положба и можноста да го контролира единствениот влез за Средоземното море. Там живеат околу 29000 жители, кои работат основно во туризмот, финансискиот сектор, пристаништето. По пристигнувањето во Гибралтар, ќе бидете придружени од водич и ќе го започнете разгледот. Таму ќе се качите во мини бусови, со кои ќе започне обиколката на Големата скала, каде што е нај-јужната точка на Европа. Ќе можете да се восхитувате на прекрасната глетка на Гибралтарскиот Проток, а при убаво време и Мароко. Имате вклучен билет за Пештерата Сан Мигел и ќе можете да видите мајмуни, со потекло од Северна Африка. Кога ќе заврши обиколката, која трае околу 1 ипол час, ќе разполагате со слободно време за шопинг и ручек (по желба)
Цена: 58 евра
Новогодишна Гала вечера и пречек на Новата 2016 година - забава со многу веселба !!!

5-ти ден 01.01.2016 (Петок):

Појадок. Слободно време или можност за дополнителна екскурзија

Севиља - целодневна екскурзија:
Утрото - отпатување од хотелот. Пристигнување во четвъртиот по големина град во Шпанија и престолнина на област Андалузија – Севиља, кој се наоѓа покрај бреговите на река Гуадалкивир. Панорамска обиколка со автобус – зградите на Шпанско-Американската изложба од 1929 г., прекрасните мостови Аламио и Баркета, булеварот на палмите, Шпанскиот плоштад, паркот Марија Луиза. Следува обиколка со посета на квартот Санта Круз, прекрасната Катедрала со прочуената камбанарија Хиралда, минувате покрај дворецот Алказар и Шпанскиот плоштад со прекрасна фонтана – сцена за многу улични музичари и актери. Слободно време за ручек во типичен Шпански ресторант со традиционална кујна (по желба). Одпатување од Севиља. Враќање во хотелот.
Цена: 72 евра
Цената вклучува: трансфер со автобус + водич на Бугарски јазик, локален водич.

6-ти ден: 02.01.2016 (Сабота):

Појадок. Слободно време. Ослободување на хотелот во 12.00ч. Панорамски разглед на Михас и слободно време. Патување кон Малага и разглед на Гибралфаро, Катедралата и Куќата на Пикасо. Слободно време, вечера во ресторан во центарот на Малага (вклучено во цената) и трансфер до аеродром во Малага за лет до Софија со АК „Бугарија Ер” во 02:20 ч. на 03.01. Пристигнување на терминал 2 во 06.30 ч. на 03.01.2016 г.

Хотели во ресортите
на Коста дел Сол

По лице
во Double Room

Single Room

Возрасен
на доп. легло

Дете до 11,99
со 2-ца возрасни

2 ро дете до 11,99
со 2-ца возрасни

Новогодишна вечера
(доплата задолжително)

Hotel Gran Cervantes 4*
Торемолинос, појадок
и вечера со вода и вино ¼

430€

492€

397€

298€

364€

127€ Возрасен/дете

Hotel Best Siroco 3*+
Беналмадена, појадок
и вечера со вода и вино ¼

435€

490€

401€

298€

366€

82€ - Возрасен
46€ - дете

Hotel Best Triton 4*
Беналмадена, појадок
и вечера со вода и вино ¼

479€

555€

431€

298€

387€

82€ - Возрасен
46€ - дете

Hotel Sol Don Pablo 4*
Торемолинос, појадок
и вечера

499€

619€.

444€

396€

-----

120€ - Возрасен дете 60€


Пакетните цени по програмата вклучуваат:

  • Авиоснки билет Софија – Малага – Софија
  • 5 ноќи со појадок и вечера во избраниот хотел
  • Вечера во ресторан во Малага на 02.01.2016
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Медицинско осигурување
  • Разглед на Михас и Малага со водич на Бугарски јазик

  • Цените не вклучуваат:

  • Аеродромски такси - 110 евра (на 20.08.2015)
  • Новогодишна вечера во избраниот хотел (се доплаќа задолжително)
  • Дополнителни екскурзии
  • Лични трошоци

  • Забелешка:

    • Распределбата на дополнителните екскурзии по денови во програмата е примерна!
    • Точните денови за реализирање на екскурзиите ќе бидат представени една недела пред патувањето!
    • Резервацијата и плаќањето на дополнителните екскурзии се врши во агенцијата!
    • Можна е промена на времето на лет од страна на авио компанијата!

    Неопходни документи:

  • Лична карта или меѓународен пасош со мин. валидност 6 месеци од датата на патување. За деца до 18 години, кои патуваат со еден или без родител, нотарска заверка од едниот или двата родители!
  • Неопходен минимален број за реализација: 30 лица! Рок за отказ при несобран минимум – 30 дена пред заминување.
  • Дополнителните екскурзии се по желба и се валидни при минимум од 20 лица!

  • Начин на плаќање:

  • 40 % депозит при резервација, доплата 20 дена пред патување!

  • Рокови за откази и пенали:

  • До 60 работни дена од датата на заминување – без пенали
  • Од 59 работни дена до 21 работни дена – во размер на депозитот
  • Од 20 работни дена до денот на патување – 100% (Промена на име до 7 дена пред датата на патување)

  • follow_us add us to your circle