>

Нова Година во Израел & Јордан

28.12.15г. – 04.01.16г. – 7HB


Ден 1: Aеродром Бен Гурион - Тел Авив - Јафо

Средба на аеродром Софија (Терминал 2) во 07:50ч. Полетување од Софија – Тел Авив во 10:50ч. Околу 13:30 пристигнување на аеродром Бен Гурион (Тел Авив). Пречек од представник на партнерската агенција. Посета на црквата со гробот на свети Георги во Лод (древниот град Лида Палестинска). Панорамски разглед на Тел Авив. Туристичка програма во Јафо, еден од најстарите градове на Блискиот исток, наоѓајки се на височинка нуди прекрасна глетка кон брегот на Тел Авив со неговите плажи: посета на регионот на старото пристаниште со прекрасни ресторани во кои се нуди морска храна скриени во малите тесни улички..
Патување за Витлеем. Вечера и ноќевање.

Ден 2: Витлеем - Ерусалим

Појадок. Туристичка програма во Ерусалим. Прошетка низ Стариот град: Гетсиманската градина - традиционално почитувана како место каде што Исус Христос се моли во ноќта на заробувањето. Денес за таа случка сведочи една базилика, посветена на страдањата Христови, и осум стари маслинови дрвца, чија возраст е над 2000 години; Виа Долороса (од лат. „Патот на болката“) - тоа e улицата во древниот Ерусалим, по кој минувал Исус Христос со крстот кон местото на распнување — Голгота; храмовиот комплекс Божји гроб – нај-светото место на Христијанскиот свет, каде што е распнат, погребан и воскреснат Христос; Каменот на плакот - единствената структура, останата од Ерусалимскиот (Соломоновиот) храм. Името произлегува од тоа што Евреите често оделе таму, за да жалат за смртта на храмот; Давидовиот град – гробот на цар Давид и собата на Тајната вечера. Посета на родното место на Господ Исус Христос изградена во чест на таа случка „Раѓањето Христово“ во Витлеем - големо обележје на градот. Според библијата Месијата требало да биде потомок на Давид и да се роди во неговиот град. Панорамски разглед на Новиот град на Ерусалим: парламентот на државата Израел (Кнесет), Министерствата, Музејот на Израел /однадвор/. Вечера и ноќевање во Витлеем.

Ден 3: Назарет – Кана – Тибер – Капернаум – Табха – Тибер

Појадок. Посета на град Назарет - разглед на црквата ”Св. Благовешение”, изградена на местото, каде што Архангел Гавраил се појавил пред Дева Марија, за да и соопшти, дека ќе го роди Исус. Патување за Кана Галилејска – местото на првото чудо на Исус, кога ја претворил водата во вино. Заминување за Капернаум – се споменува во Новиот Завет како центар на дејноста на Христос во Галилеа: посета на остатоците од древната синагога и рушевините на куќата на св. ап. Петар. Преминување кон Табха, местото на "Чудото со умножувањето на рибите и лебот", посета на црквата со мозаик од четврти век. Вечера и ноќевање Тибер.

Ден 4: Џераш - Аман

Појадок. Преминување од Израел во Јордан преку граничниот премин „Шеих Хусеин”. Патување за најдобро зачуваниот римски град во Блискиот Исток и архитектонското ремек дело Џераш (древниот Гераса) - основан од војниците на Александар Македонски во ІV в. пр.н.е., покасно станува дел од космополитни градови на грчко-римскиот Декаполис: триумфалната арка на имп. Адриан, форумот со овална форма, хиподромот, кардото, агората, храмот на Артемида (богињата заштитничка на Џераш), други антички храмови, Јужниот театар и многу цркви од раното Средновековие. Туристичка обиколка во престолнината на Хашемитското кралство Јордан - Аман. Сместување во хотел во Аман. Новогодишна вечера – по желба. Ноќевање.

Ден 5: Небо - Мадаба - Петра

Појадок. Заминување за Мадаба – градот е познат по многуте христијански цркви. Нај уникатна е грчката православна црква “Свети Георги”, со уникатен мозаика претставува детална цветна карта на Светите земји од византиската епоха. Денес во Мадаба има Институт за мозаечно искуство и десетици работилници, кои се занимаваат со тој занаат. Посета на планината Небо – прекрасна глетка кон Израел и дел од долината на река Јордан. Според Библијата тоа е местото, на кое Мојсеј се качува, за да ја види за прв пат со своите очите ветената земја. Пак според Светото Писмо, Мојсеј умира таму и е погребан. На врхот се откриени остатоци од црква и манастир. Црквата е од средината на IV век и е изградена во сеќавање на местото, каде што умира Мојсеј. Во неа се зачувани прекрасни мозаици. Патување за Петра. Сместување во хотелот, вечера и ноќевање.

Ден 6: Петра - Аман

Појадок. Организирана обиколка на Петра, престолнината на Набатејците. Во 2007 година е избрана како едно од седумте нови светски чуда. Сместен е во природната планинска долина Вади Муса ("Долината на Мојсеј"). Првите познати домаќини се едомците, кој се живееле тука околу 1000 г.пр.н.е. Според Библијата тие се потомци на Исав.Розово-црвениот град Петра некогаш бил важен пункт од древните трговски маршути. Тој е обграден од високи планини и е достапен низ тесно дефиле, а препознатливите зради се зачувани нечепнати: Каснех ал-Фарун, многубројните гробници, амфитеатарот, триумфалната арка. Фотопауза кај замокот на крстоносците Монреал (лат. mont regalis, „Кралски рид“, познат уште како Шобак) – изграден од темпларите во 1116 г. по заповед на Ерусалимскиот крал Балдуин I за заштита на маршрутите и караваните. Заминување за Аман. Вечера и ноќевање во Аман.

Ден 7: Аман - Каср Ал Јахуд - Мртво море - Кумран

Појадок. Преминување од Јордан во Израел низ граничниот пункт Аленби. Посета на Каср Ал Јахуд – местото каде Јовна Крстител го крстува Исус Христос во реката Јордан. Можност за посета на Кумран – познат за откриените нај-древни ракописи, на иврит, на Стариот Завет. Заминување за Мртво море - нај-ниското место во светот, околу 420 метри под морското дно. Слободно време за капење во нај-соленото море. Патување за Витлеем. Вечера и ноќевање.

Ден 8: Аеродром Тел Авив - Софија

Појадок. Трансфер до аеродром Бен Гурион /03:00/. Полетување за Бугарија во 07:00 ч.


Дати: По лице
во Double room
Single Room

Трет возрасен     

Дете до 11 г со
двајца возрасни во соба
28.12.15-04.01.16 1051 еур 1210 еур 1051 еур 1000 еур


Цената вклучува:

  • авио билет Софија-Тел Авив-Софија со редовен полет на авиокомпанијата Ел Ал со вклучен багаж
  • аеродромски такси (151 еур на 30.04.2015г.)
  • 7 ноќевања со појадок и вечера: 3 во Витлеем , 1 во Тибер, 2 во Аман, 1 во Петра,
  • водич на бугарски јазик во Израел и на бугарски/руски јазик во Јордан
  • луксузен автобус
  • саунд систем со слушалки за време на турите
  • сите трансфери по програмата
  • сите екскурзии по програмата
  • влезни такси за објектите по програмата
  • водич на групата од Бугарија
  • медицинско осигурување

  • Цената не вклучува:

  • Новогодишна вечера – 75 еур (по желба – се доплаќа во агенција)
  • Бакшиши – по 5 долари по лице на ден општо 40$ (се доплаќаат во Израел и Јордан)

  • Акценти на програмата:

     Џераш (бисерот на грчко-римскиот Декаполис)
     Мадаба (градот на мозаиците)
     Небо (Мојсеј и неговиот поглед кон Ветената Земја)
     Петра (едно од седумте нови светски чуда)
     Вади Муса (Долината на Мојсеј)
     Аман (престолнината на Хашемитско кралство Јордан)
     Касар ал Јахуд (место на Крстувањето Христово)
     Мртво море (време за плажа и релакс)
     Витлеем (църквата Рождество Христово)
     Ерусалим (Божји гроб, Сион, Гетсиманија, Каменот на плакот)
     Лод (црквата св. Георги со гробот на светецот)
     Тел Авив и Јафо (древност и современо во едно)
     Кумран (историјата на Кумранските ракописи)
     Назарет (црквата Благовешение)
     Тибер (бисерот на Галилејското езеро)
     Капернаум (родно место на апостоли) и Табха (чудото со лебот и рибите)
     Голанските височини (прекрасна природа и глетки)
     Кана Галилејска (првото чудо на Христос)

    Услов за резервација: - копија од меѓународен пасош
    - депозит од 350 еур по лице
    - доплата – 1 месец пред датата на поаѓање

    Забелешка: - цената е валидна при група од минимум 25 туристи, со рок за собрана група - 30 дена пред заминување
    - посочените хотели се за пример, сместувањето во тие е според слободните капацитети во моментот на резервацијата.
    - Туроператорот ги задржува правата за промени на програмата.

    follow_us add us to your circle