>

Нова Година во Лисабон

Авионска програма

28.12.2015 – 04.01.2016 / 7 ноќевања


1-ви ден 28.12.’15(понеделник):

Поаѓање од аеродром Софија, терминал 2 во 14:00 ч. со лет на АК „Lufthansa” до Лисабон со преместување во Франкфурт.Пристигнување во Лисабон во 23:00 ч. Средба со претставник од партнерите во Португалија, трансфер и сместување во избраниот хотел. Ноќевање.

2-ри ден 29.12.’15(вторник):

Појадок.Обиколка на Лисабон(вклучена во цената).Лисабон е град во кој одсекаде се слуша традиционалната музика "фадо", а малите трамваи се движат до секоја точка на градот. Пред украсената арка се издигнува статуата на Хосе I, а од неа започнува и најживата улица - "Аугуста". Се посетува и Алфама– најстариот кварт, кој се наоѓа во самото срце на градот .Според португалците тоа е "правиот Лисабон". Тука има многу историски обележја, како и барови и ресторани со традиционална фадо музика. Тоа е местото во Лисабон, каде може вистински да се осети атмосферата на градот- архитектурата, звуците, аромите... Еден од современите симболи на Португалија е мостот "Васко да Гама"- должината му е 17,2 км. и тоа го прави не само најдолгиот мост в Европа, туку и меѓу најдолгите мостови во светот. Времетраење на турата - околу 3 часа. Слободно време. Ноќевање.

3-ти ден 30.12.’15 (среда)

Појадок. Слободно време или можност за дополнителна екскурзија до Синтра,Кабо да Рока,Есторил и Кашкаиш (со доплата). Синтра е во списокот на Световното културно наследство на UNESCO. Ќе го посетите едно од најубавите места во Португалија - град Синтра, кој е изграден во времето на Арабскиот халифат, во 1147г., освоен од крал Алфонс I и претворен во летна резиденција на португалските монарси и аристократи. Лорд Баирон пише за Синтра: "Градот е полн со убавини - природни и создадени од човечка рака. Дворци и градини се издигат сред скали, водопади и пропасти; сред манастири, сместени на прекрасни височини; од кои се открива панорамски поглед кон морето и кон Тежу... пејсажот ги обединува дивината на западните планини со луксузната зеленина на јужна Франција". Секој од замоците ви го одзема здивот - "Замокот на маврите", Дворецот "Да Пена" и кралскиот дворец на Синтра се само мал дел од атракциите. Се посетува и романтичниот дворец Кинта де Регалеира (QuintadeRegaleira) - 5-спретен комплекс во срцето на Стариот град на Синтра. Слободно време за прошетка низ Синтра, да си купите сувенир во някое од многубројните занаетчииски дуќани или да изпиете кафе со локалните слатки “queijada”.Екскурзијата вклучува и посета на Кашкаиш, каде крал Луис I го гради Двореца PalaciodaCitadela во 1870г. Во Кашкаиш се наоѓа заливот BocadoInferno. Кашкаиш се смета за еден од нај-скапите места не само во Португалија, но и во цела Европа. На 30 км од Лисабон е разположен крајбрежниот град Есторил- има можност да се види една од забележителностите на града - дворецот PalaciodeCondedeCastroGuimaraes.Денес Есторил е свет туристички центар – тука се наоѓа нај-големото казино во Европа - " Есториал".Местото предлага и прекрасен ноќен живот. Во Кабо да Рока-нај-западната точка на континентот Европа, ќе се восхитите на прекрасната глетка на Атлантскиот океан.Ноќевања.

4-ти ден 31.12.‘15 (четврток):

Појадок. Слободно време. Потоа - можност за дополнителна екскурзија до Мафра и Ерисеира (со доплата).

Мафра е средновековно седиште, кое се наоѓа на 25 км. од Лисабон, каде што се наоѓа еден од нај-прекрасните барокови дворци - Паласио Насионал де Мафра. А некогаш малото рибарско селце Ерисеира, денес е туристичко место, заради прекрасните плажи и глетки, вистински рај за сурферите. Слободно време.

Вечерта –вечера во ресторан Adega Machado - гурмански ресторан во срцето на градот.
Ресторанот предлага типична португалска кујна, на најмодерен начин.


ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА
СО МНОГУ ТАНЦИ, МУЗИКА И ВЕСЕЛБА



5-ти ден 01.01.‘16 (петок):

Појадок. Слободно време и ден за одмор или разглед на прекрасниот Лисабон.Ноќевање.

6-ти ден 02.01.‘16 (сабота):

Појадок. Слободно време или можност за дополнителна екскурзија до Обидош, Баталя, Назаре, Фатима (со доплата).
Обидош(~70 км од Лисабон) е мало живописно градче, едно од нај-прекрасните места во Португалија - мали бели куќички со цветови по прозорците, со фрески од 7 в од н.е. по куќите, тесни улички, полни со продавнички.
Назаре (~40 км од Обидош) е типично рибарско селце, сместено на атлантскиот брег, место со многу легенди; традиционални продавнички и многу ресторанти, во кои се препорачува пресно приготвена риба.
Баталија(~30 км од Назаре) е познат со истоимениот манастир – еден од нај-големите готички ремек дела во Европа.
Фатима(~19 км од Баталија) - свето место за поклонување пред Богородица.
Ноќевање.

7-ми ден 03.01.‘16 (недела):

Појадок. Слободно време или можност за дополнителна екскурзија до Арабида и Сесимбра со вклучена дегустација. Кога ќе го поминеме мостот 25 април, ќе застанеме во Сесимбра, добро познато селце со своите плажи и рибни ресторани. Продолжувајки кон Азеитао, ќе посетиме една од најстарите и важни винарии во Португалија (CavesJoseMariadaFonseca) и ќе го пробаме традиционалното вино мускат од Сетубал.
На пат кон Сетубал, ќе застанеме да се насладиме на прекрасните гледки од планината Арабида, ќе го посетиме центарот, по што се враќаме кон Лисабон по мостот Васко да Гама. Ноќевање.

8-ми ден 04.01.‘16 (понеделник):

Појадок. Трансфер до аеродром во Лисабон и лет за Софија во 07:10 ч. Со префрлање во Франкфурт. Пристигнување во Софија во 20:10 ч.

Хотели и пакетни цени 28.12.2015 - 04.01.2016:

Хотели во Лисабон

Пансион

По лице во Double Room

Single Room

Hotel Embaixador 3*

појадок

599 €

810 €

Hotel Exe LisboaParque 4*

појадок

689 €

966 €

Hotel Real Palacio 5* - НЕМА МЕСТА

појадок

715 €

НА БАРАЊЕ

Hotel Sheraton Lisabon 5*

појадок

989 €

1609 €



Пакетните цени по програмата вклучуваат:

  • Авио билет Софија – Франкфурт –Лисабон – Франкфурт – Софија АК”Lufthansa”
  • 7 ноќевања со појадок во избраниот хотел
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Разглед на Лисабон
  • Медицинско осигурување
  • Водич од агенцијата

  • Цените не вклучуваат:

  • Аеродромски такси 140 евра
  • Новогодишна вечера – 120 евро без трансфер
  • Дополнителни екскурзии
  • Лични расходи


  • ДОПОЛНИТЕЛНИ ЕКСКУРЗИИ НА МЕСТО, КОИТО СЕ РЕЗЕРВИРААТ И ПЛАЌААТ ВО БУГАРИЈА:

  • Синтра,Кабо да Рока,Кашкаиш и Есторил -65 евра со вклучена карта за дворецот Паласио да Вила
  • Мафра и Ерисеира– 65 евра со вклучена влезница за дворецот во Мафра
  • Обидош, Баталја, Назаре, Фатима – 75 евра со вклучена карта за манастирот во Баталја
  • Арабида и Сесимбра – 60 евра со вклучена дегустација на вино Мушкател де Сетубал


  • Забелешка:

    Цените на екскурзиите севалидни при миниум 15 учесници.
    Реализацијата на дополнителните екскурзии по денови и цените им подлежат на промени!


    Неопходни документи:

    Лична карта или меѓународен пасош со валидност минимум 6 месеци од датата на патување.За деца до 18 години, кои патуваат со еден или без родители, нотарска заверка од едениот или двата родители!! Пътуването е безвизово и без медицински изисквания за имунизации!

    Начин на плаќање:

    40 % депозит при резервација, доплата 20 дена пред патување.

    follow_us add us to your circle