>

Eye Star Lasik Institute



Подарете си нови возбудливи моменти со природен вид
Променете го Вашиот живот, имајте јасен вид без наочари или контактни леќи!

Резервирајте за еден од следните датуми

13ти, 18ти, 20ти, 24ти Март 2014
1ви, 14ти, 18ти, 21ви, 25ти или 29ти Април 2014










Специјална цена - Викенд пакет од 1199 еур:

  • Целосен преглед на очите;
  • VIP ласерска корекција на двете очи;
  • Сите неопходни тестови и проверки;
  • Сите неопходни лекарства;
  • EyeSTAR гаранција, која ви го осигурива видот за цел живот;
  • Доживотно неограничен број прегледи, кога Вие ќе посакате;
  • Трансфери од аеродром или автобуска станица, хотелот и обратни;
  • Една незаборавна екскурзија во Истанбул;
  • Бесплатно ноќевање во Хотел 4* на Таксим

Прашајте за VIP места сега на телефон 071 307 212 (Ангела)
(Местата са ограничени - 10 пациенти за датумот)


Дали сте подготвени да го промените својот живот?

Дали некогаш сте замислиле, се будите и од моментот кога ќе ги отворите Вашите очи го гледате светот многу појасно? Дали некогаш сте помислиле дека некогаш можете да гледате чисто и јасно?

Да бидете помалку зависни од очилата или леќите ќе ви даде слобода за да уживате повеќе во животот, да го подобрите надворешниот изглед, да оставите подобар впечаток и да ја зголемите самодовербата, а воедно ви се отвараат и нови возбудливи можности. Корекцијата “Laser vision” може да Ви го оствари тоа. Институтот Eye STAR LASIK” е вашиот најдобар избот за овој навистина важен третман кој же ви го промени животот.

Институтот “Eye Star Lask” им помага на луѓето од сите страни на светото уште од 1990 година и им го промени животот ослободувјќи ги од носење очила или леќи.

EyeSTAR e ПРВА и ЕДИНСТВЕНА институција:

- специјализирана за ласерска хирургија за очи во Турција;
- која поседува сертификат ISO 9001:2008 за ласерски третмани за очи, уверение од германската комисија,,TUV-SUD”;
- која нуди Супер “PresbyLASIK” и сите ласерски третмани за пресбиопија
- која нуди “S-Lasik” за пациенти склони на суви и чувствителни очи
- која нуди “UV-X Crosslinkage” третман за кератоконс
- која повеќе од 90% од пациентите ја посетуваат од сите страни на светот
- која прима лимитиран број на пациенти (10 пациенти на ден)
- која нуди VIP очна ласерска хирургија

Што е Eye Star Lasik?

„EyeSTAR LASIK“ е:
Брза ласерска аблација, времетраење околу 10 секунди, а вкупното време за целиот третман е само 3 до 4 минути по око. Третманот е безболен. Пациентите не чувствуваат речиси никаква болка и непријатност за време или по третманот. Нема да има никакво крварење и нема да има потреба од какви било завои или лепенки.
При третманот има високо ниво на безбедност. Нема апсолутно никаков ризик за губење на видот. „EyeSTAR“ обезбедува целосно стерилни услови и дневен лимит од 10 пациенти со цел да се обезбеди третмани без ризик од инфекции и оптимални визиуелни резултати.
Перманентност - нема регресија на видот на повеќето пациенти, досега само 0,05% од пациентите имаат барање за подобрување на третмани. Закрепнувањето на пациентите е многу брзо. Толку е брзо, што денот по третманот, пациентите се носат на посета на многу познатите знаменитости низ прекрасниот Истанбул.

Нашите хирурзи целото време се во консултација со вас и ве прашуваат дали сте подготвени за да почнат со операцијата или доколку не се чувствувате спремни, може да се премести за наредниот ден.
Уверение за третманска услуга со строги германски стандарди TUV- ИСО 9001 за квалитет.

Пред Eye STAR LASIK

Пред вашиот ласерски третман ќе биде извршен темелен очен преглед. Доколку носите контактни леки, ќе биде потребно претходно да ги отстраните. Меките контактни леќи треба да ги отстраните од употреба најмалку една недела пред вашиот третман, а додека доколку користите други типови контактни леќи, ќе биде потребно да престанете со нивна употреба три недели пред вашиот третман. Денот кога ќе биде вашиот третман, ве замолуваме да нематекаква било шминка на вашите очи или лице, да не ставате крем за лице, кремови за после бричење или парфем. Да не пиете премногу пијалаци кои содржат кофеин.
Ласерот „EyeSTAR“ се чува на пониска температура, па затоа ве советуваме да облечете топла и комотна облека. Ако вашиот третман е закажан преку текот на денот, понесете со вас темни очила за сонце.

Пред вашиот третман во „EyeSTAR“, ќе бидете информирани за целата процедура, исто ќе ви биде опишено како ќе се чувствувате при секој чекор од третманот. Откако ќе заврши психичката подготовка и подготовката на сите потребни документи, тогаш ќе почне медицинската подготовка.

Во институтот на „EyeSTAR LASIK“ ние обрнуваме посебно внимание во подготовките за ласерскиот третман, бидејќи веруваме дека голем дел од успехот на третманот се должи на подготовката. на крај од подгтовката за процедурата Вие ќе идете целосно информирани и сремни за процедурата, ќе знаете се што че Ве очекува. Ако вие се чувствувате удобно и ако сметате дека доволно сте информирани за целиот процес што следува, тогаш ќе започнеме со Eye Star Lasik процедурата.

Во меѓувреме нашите хирурзи ќе одговараат на сите ваши прашања и ќе работат на сите технички аспекти на вашиот ласерски третман. Нашите медицински сестри и техничари ќе го подготвуваат ласерот и другата потребна апаратура. Една од најважните карактеристики на операционата сала е "целосно стерилна средина" обезбедена со ХЕПА филтри, систем за УВ стерилизација, повеќе системи за климатизација и систем за следење на квалитетот на воздухот во реално време. Исто така "Eye STAR" поседува уникатен систем кој ја оптимизира удобноста и одржува стерилни услови.

Останатите значајни карактеристики на клиниката "EyeSTAR" се: масажа пред вашето лекување, слушање на Вашата омилена музика за време на третманот (од Вашето ЦД или МП3) транспарентна (провидна) операциона сала и ТВ плазма (монитор), овозможувајќи им на Вашите пријатели и роднини можност да го следат Вашиот третман.

Зошто EyeSTAR LASIK Institute Истанбул?

Во EyeSTAR институтот во Истанбул го развиваме единствениот и оригинален третман метод наречен “EyeSTAR LASIK”, а до сега повеќе од 20.000пациенти ги почувствуваа еефициите од овој метод. “EyeSTAR LASIK”, претставува комбинација од супериорна технологија и високо специјализираи хирурзи со повќегодишно искуство кои работат во најнапредни операциони услови.
Нашите хирурзи имаат познавања од неколку светски јазици што им овозможува исклучителна грижа и посветеност на своите пациенти.


floor

Ние сме единствена клиника во Турција и една од неколкуте во светот кои се фокусираат исклучиво на очната ласерска хирургија.Тимот на “EyeSTAR LASIK” е посветен на постигнување супериорни резултати за своите пациенти и од тие причини работиме со лимитиран број од 10 пациенти дневно. Сите пациенти на “EyeSTAR LASIK” автоматски се вклучуваат во т.н. “EyeSTAR Vision Plan” кој води диживотна грижа за видот на пациентот. Ние го следиме строгиот протокол за преглед на пациентите и некогаш не се третираат пациенти доколку истите не се идеални кандидати за ласерска операција на очи.

Институцијата “EyeSTAR LASIK” е познат по своите одлични резултати. Ние сме горди на нашите достигнувања. Никогаш до сега корекција не била толку безбедна или технолошки напредна.

Институцијата EyeSTAR Lasik е производ на долгогодишно  работење, истражување и посветеност на нашиот основач, д-р Гуркан Целикол (Gurkan Celikkol).  Д-р Целикол е познат истражувач на коронеата и невронските мрежи и беше вклучен во голем број постдокторски стипендии и истражувачи во најдобрите ласерски центри во САД.

Д-р Целикол си постави за цел да се создаде очен ласерски центар во Турција посветен исклучиво на очната ласерска хирургија со користење на најдобрите системи и најдобрите технологии во светот и истовремено да запази стандарди кои се еднакви,  дури и подобри од оние на очните клиники во САД и светот.

EyeSTAR очната ласерска клиника е основана во 1999 година и како лидер во областа на очна ласерска корекција на видот во Турција, клиниката излекувала илјадници пациенти.

- Репутација и меѓународна признаеност. За EyeSTAR се зборува, се чита, вклучена е во ТВ програми, се пишува во специјализирани списанија и во весници, се зборува на радио, се пишува на интернет насекаде низ светот

-Извонредност при работењето признаено од страна на строги германски стандарди: EyeSTAR е добитник на меѓународните стандарди ISO 9001 за квалитет, сертификат за „Lasik“ и ласерски третман на око и услуга од престижната и строга германската организација „TUV-sud“.

- „State-of-the-art технологија: Ние ги третираме нашите пациенти со котидтење на најнапредната ласерска технологија. Ако излезе подобар ласер за очи, можете да бидете сигурни дека ние го имаме! Ние неодамна станавме трета клиника во светот која може да понуди третман со ACT Laser на пациенти со пресбиопија. Нема многу други клиники кои се посветени на лекување на своите пациенти со најдобрите и најновите достапни технологии.

- Нашите хирурзи се специјалисти во оваа област- имаат илјадници пациенти лекувани со ласерска операција на око, нивните академски и хируршки вештини се познати на меѓународно ниво. Тие непрекинато се  консултираат, учат и  присуствуваат на конференции низ целиот свет со цел да останеме во првите редови на нашата област. На тој начин нашите пациенти слушаат  за сите нови достигнувања во оваа област директно од нашите хирурзи.

- Максимален број пациенти: Ние сме единствената клиника во Турција со ограничен број од 10 пациенти на ден, со цел да ви обезбедиме највисок квалитет на услуга и да се спречат човечките грешки и кросконтаминација.

- Гаранцијата на LASIK: EyeSTAR ќе ви даде гаранција дека ќе гледате 100% по лекувањето и вашите очи ќе бидат целосно заштитени со Eye Star Vison Plan.

- Lasik е нашето второ име. Ние сме навистина посветени на совршенството на ласерски  корекции. Всушност, ние сме единствената очна клиника во Турција посветена исклучиво за ласерска операција на очи.

- Сите наши пациенти се VIP. Ние го организираме вашето патување од самиот почеток, до крајот, почнуваме од пречек на аеродромот и трансфер до хотелот, па сè до слушање на вашето омилено  ЦД за време на операцијата, безжичен интернет, ДВД-плеери и Sony PlayStation, нашите пациенти знаат дека тие се ВИП личности од моментот кога контактираат  во нашата клиника.

- Ние зборуваме многу, многу јазици! Со тимот на EyeSTAR може да се зборува на англиски, германски, бугарски, јапонски, француски, италијански, романски, руски, турски, шпански, така што ќе се чувствувате како да се лекувате дома и да ви зборуваме на вашиот мајчин јазик.

- Достапност: Ние се наоѓаме во централниот дел на Истанбул, тоа нè прави уште по достапни за нашите пациенти. Ние можеме да го организираме целото ваше патување, така што не треба да се грижите за ништо во текот на вашиот престој во Истанбул.

EyeSTAR Lasik третман

Денот кога ќе биде вашиот третман: Општи подготовки
• Избегнувајте кофеин и други слични супстанции, бидејќи можат да создадат компликации.
• Избегнувајте алкохол и лекови за кои претходно се немате консултирано со нашите лекари, бидејќи може да предизвикаат несакани дејствија по завршувањето на третманот.
Носете удобни алишта, отстранете каква било шминка и не носете парфеми.

 „EyeSTAR Lasik“ третман чекор по чекор

Прв чекор: Преглед пред третман.

prvcekor Сеопфатн очен преглед кој ќе биде извршен од страна на еден од нашите хирурзи. Ова не е рутински очен преглед, туку сеопфатен двочасовен преглед за целосна проценка на сост ојбата на Вашите очи и ќе се утврди дали сте добар кандидат за третман со „EyeSTAR Lasik“ и кој вид на третман ќе биде најдобар за вашата ситуација.
Вашиот очен преглед ќе вклучува мерења на корнеалната дебелина, корнеална топографија, корнеална томографија, очно мапирање, тековна евалуација, визуелна острина, мерење на реагирањето на очите при недоволна осветленост и присуство на катаракта, глауком или друга болест.
За време на прегледот ќе бидат ставени специјални капки за очи да се прошири вашата очна зеница со цел подобро да се види очното дно. Исто така, за добивање релевантна вредноста за вашата рефракциска грешка, ќе се стават капки кои привремено ќе го запрат гледањето. Ова може да предизвика замаглен поглед на кратко растојание и чувствителност на светлина за неколку часа.
По успешното извршување на преттретманскиот преглед, ние ќе ви помогнеме во закажувањето и подготовката на вашиот третман.

Втор чекор: Третман со „EyeSTAR LASIK“!

vtorcekor Пред да почне вашиот третман, ние ќе ви го објасниме секој дел од процедурата. Ќе бидете прашани каков тип на музика би сакале да слушате или дирекно ќе биде пуштена од вашето CD/MP3/DVD/I-pod.
Откако ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе се увериме дека вие се чувствувате удобно, ние ќе го започнеме третманот со масажа.

- Вашите очи ќе бидат избришени и исчистени и тогаш ќе ставиме анестезиски капки.
- Ќе ви понудиме  медицински лек за да ве смири, кој зависи од вас дали ќе го прифатите, бидејќи не е задолжително.
-  Ќе користиме очен држач за да се избегне трепкањето.
- Ќе бидете замолени за време на третманот да се фокусирате во зелено светло.

Трет чекор: После третманот – време е за спиење!

tretcekor По завршувањето со третманот ќе бидете сместени во приватна соба во која ќе се одморите и релаксирате. Ќе ви направиме краток преглед по што за наредниот ден ќе ви биде закажен после операциски преглед и ќе ве испратиме до вашиот хотел.
Наредните неколку часа по операцијата можно е да не се чувствувате комфорно, како на пример да добиете чувство како да имате страно тело во вашите очи или да почувствувате мало чешање или солзење на вашите очи.
Најдобро е по завршувањето на операцијата да се потрудите да заспиете, заради тоа третманите „EyeSTAR LASIK“се закажуваат во доцните попладневни часови или вечерните часови.
Наредниот ден може нормално да ги вршите своите вообичаени обврски.
Првата ноќ по вашиот третман со „EyeSTAR Lasik“, ќе биде побарано да носите заштитна покривка на вашите очи за да се спречи ненамерно триење на очите додека спиете. Исто така ќе биде потребно да користите капки за очи и вештачки солзи во наредните неколку дена, за да се избегне триење на очите.
Најчесто искуството кое го имаат нашите пациенти е дека немаат никаква болка или неудобност по процедурата, мал дел од пациенти имаат мало солзење на очите и благо чувство на печење. Други можат да имаат благо до умерено чувство на страно тело, сето тоа трае само неколку часа по операцијата, но окото обично се чувствува удобно по околу 3-4 часа. Повеќето луѓе се чувствуваат одлично доколку убаво одморат веднаш по третманот.
На денот на третман со EyeSTAR LASIK повеќето од пациентите имаат добар вид и удобно се чувствуваат за разглед на Истанбул, враќање на работа, па дури и за возење наредниот ден.
На жените им се препорачува да не стават шминка најмалку два дена, а најдобро една недела. Пациентит на е LASIK треба да избегнуваат водени спортови околу две недели и спортови со контакт на еден месец, по третманите LASIK, за да се потврди заздравувањето. Ние ќе ви спроведеме детални инструкции како приоритети за вашиот тертман EyeSTAR LASIK.

Резултати и ризици од LASIK

Резултати на LASIK

Бројни студии и истражувања беа објавени за резултатите на LASIK. Дури и најпесимистичките студии констаираат дека 90 % од сите пациенти на LASIK достигнуваат вид еднаков дури и подобар од потребите за возачка дозвола.
Сите од нaшите постоечки пациенти на LASIK (не вклучувајќи ги оние со некаква претходно постоечка очна болест како мрзливо око, мрежнички болести) гледаат многу подобро споредбено со овие услови. Исто така, ниеден резултат не може да биде гарантиран, нашата цел е да го подобриме вашиот вид да биде 20/10 (повеќе од 20/20) и 20/40 (законска граница за вид за возачка) без очила и контактни леќи.
Во институтот EyeSTAR LASIK Истанбул сме многу прецизни и критични при следењето на исходите и истите ги анализираме статистички. Ова внимание на деталите ни овозможува да креираме продуктивни и одлични резултати. Нашите пациенти се многу среќни. Бидејќи луѓето заздравуваат различно, исходите можат да варираат. Затоа е важно вашите очекувања да бидат разумни и за истото ќе биде дискутирано со вас за време на вашите консултации. Ако сте постар од 40 години, можно е да биде потребно да носите очила за читање по операцијата. Затоа што далековидоста (пресбиопија) е нормална појава кај оваа група или би можеле да одберете да имате „monovision“.
Вашиот коригиран вид по LASIK, зависи директно од вашите препораки, како и од други индивидуални фактори, како што со секоја хирушка процедура, а резултатите не се гарантирани. Како и да е, сите наши пациенти. без претходно постоечка очна болест како мрзливо око, мрежнички болести и сл. гледаат 20/40, па дури и подобро (доволно да поминат на возачки испит). 99 % од нашите пациенти достигнуват вид од 20/20 или 20/25. Исто така, големата предност на нашите пациенти е тоа што ќе достигнат до одличен вид без очила или контакни леќи, малкумина ќе имат мала преостаната рефреактивна отстапка со незначителна кратковидост или далековидост, или со астигматизам.  Повеќето од пациентите можат да гледат добро за повеќето од нивните секојдневни активности, или да користат наочари со тенко стакло за задачи од типот на ноќно возење. Доколку сакате оваа преостаната рефреактивна отстапка  да биде коригирана, ласерската процедура за подобрување може да биде изведена по шест месеци. Подобрувањето во нашата пракса во EyeSTAR LASIK Institute Istanbul се одредува на 0,5 % од пациентите. Нашите доктори ќе ги проценат веројатните придобивки, очекувањата на пациентите, како и потенцијалните ризици кога детерминирањето на подобрувањето е соодветно. Типично, пациентите кои  сметаат на  процедура за подобрување треба да имаат најмалку 1.00 диоптер од останатата  хиперопија, миопија, или астигматизам , или смостоен вид од 20/40 или полош. Процедурата за подобрување може да се изведе еднаш, соодветно со заздравувањето на рожницата и штом е постигната стабилност.
Целта на рефреактивната хирургија е е да ја намали вашата зависност од очила или контактни леќи и многу малку пациенти на LASIK можат да придобијат од очила за читање или очила  за далеку кога  посакуваат  перфектна кратковидост или далековидост.
Луѓето често пати прашуваат колку долго ќе траат бенефициите од нивната процедура. Првото око на  кратковид пациент  е третирано со ласерка корекција на видот во САД 1987. Овој пациент достигнал 20/20 вид по третманот и сè уште е со 20/20 по две децении од третманот. Денес, повеќето експерти низ светот се сигурни  дека ќе откријат ласерска корекција на видот без долгорочни проблеми. Врз основа на одличните резултати досега, ласерската корекција на видот стана најчестата заеднички применувана рефреактивна процедура во светот.

Ризици на LASIK

Секој хирушки зафат, покрај придобивките и предностите, со себе носи и ризици. Иако е познато дека LASIK е еден од најразвиените системи измислени од човекот, сепак, многу ретко, е можно да се појават непосакувани резултати.Сите ризици  поврзани со  операциите на LASIK се многу ретки и само неколку од нив се долгорочни. Пред сè, LASIK не предизвикува слепило согласно целата престижна научна литература. Имаме слушнато гласишта за некои пациенти од Индија, од Турција, од Европа, од Канада и од САД, но не можеме да ги потврдиме фактите. Доколку познавате некој  кој со третман со LASIK го има изгубено видот, ве молиме советувајте го/ја да контактираат со нас. Ние ќе обезбедиме бесплатна услуга и помош за нив. Убедени сме дека сите можни компликации од LASIK можат да се исправат со добра соработка без значителна загуба на видот.

Што правиме за да го намалиме ризикот од LASIK?

  • Имаме создадено збир од безбедна и висококвалитетна  практика на LASIK, наречена Упатство за  добра  пракса на LASIK (Good Lasik Practice Guidelines – GLPG).  Упатството  е резултат на многугодишно искуство и академско истражување. Ако Упатството е строго применето, компликациите од ризиците од LASIK паѓаат под 1 % ( што е околу 2-6 % генерално/девијации на рефракција не се вклучени/) со што ова овозможува севкупен медицински квалитетен  и евидентен, забележителен резултат на видот.
  • Секогаш користиме „eyetracking“ --------.Ова обезбедува добро центриран хомоген третман. Многу центри во Турција и во светот не ги активираат „eyetracking“, сè додека не е време за изведување.

 

  • Секогаш користиме нови оригинални расположливи сечила за секој пациент. Со секоја употреба на микрокератомот, рожницата може да го изгребе сечилото. Користените тапи сечила можат да предизвикат фалични резови. Стремејќи се кон совршени резултати, оваа несовесност е неприфатлива  за нас. Бидете свесни дека некои очни болници во Турција и низ светот не ги менуваат сечилата од пациент до пациент, што е отворена врата и покана за заразни болести од типот на СИДА и хепатитис.
  • Дури и сите микрокератомски системи што ги употребуваме имат аларм за неадекватно ниво на вакуум, па нашите рефрактивни хирурзи секогаш рачно го проверуваат притисокот и го потврдуваат статусот во соработка на пациентите.
  • Нашите рефреактивни хирурзи секогаш лично го  надгледуват и проверуваат  микрокератомот. Секогаш симулираме операција пред да ја изведеме на нашиот пациент.  Со ова се овозможува да се предвидат можните проблеми поврзани со ласерот со што ни се дава шанса да ги исправиме отстапките пред нашиот пациент да искуси проблем.ѓж
  • Со оглед на тоа што нашите хирурзи се хирурзи специјалисти за рожници, не сме обврзани за опциите на LASIK. Ако на вашите очи им е потребен специјлен третман како LASEK, PTK, AK,  можеме да ви помогнеме  со опцијата која најмногу одговара на вашите посебни потреби.
  • Ние посветветуваме време на секој пациент толку колку што е потребно. Многу често посветеноста значи  подобри резултати, помалку грешки и повеќе задоволни пациенти. Еден од добро познатите центри во Истанбул, Турција, има реоперација (втор ласерски третман на останата миопија, хиперопија или астигмтизам) со резултат  од 21 % а нашиот е 0,5 %.
  • Сите предоперациски  испитувања (пред LASIK), операциите на LASIK, како и постоперациските испитувања (по LASIK) , се пратени од од истиот рефрактивен хирург. Сметаме дека директната информација е подобра од индиректната.
  • Нашата стапка на компликции е 0,2 %. Се имаме соочено со неколку случаи н SOS (Sands of Sahara) - Песоците на Сахара, минатата година. Работевме на тоа и оттогаш немаме имано ниту еден случај на SOS. Сè на сè, нашата вкупна стапка на компликации е 1 %. Ниеден од нашите пациенти нема вид послаб од потребниот за возачка дозвола, со исклучок на пациентите со мрзливо око.

Ризици на LASIK воопшто/ генерално

Неколку недели по операцијата на LASIK,можно е да бидат видени ореоли/венци  околу изворот на јасна светлина. Генерално, овој ефект се губи со текот на времето.
Понекогаш посакуваната корекција може да биде повеќе или помалку од планираната и може да индуцира астигматизам. Овој проблем може да се реши  со третман со ласер „touch up“ (touch up - ретуширање). Повторниот третман е вообичаено неопходен за поголеми и покомплексни упатства.
Ако вакуумот во микрокертомот е понизок од нормалниот, можно е некомплетно, нерегуларно да се создаде на рожницата. Понекогаш тоа може да биде предизвикано од пациентот, претерано истиснување или микрокератомска неисправност. Во овој случај, процедурата на LASIK може да биде одложена, или во опција може да се земат други ласерски модалитети.

Многу ретко, епителните клетки можат да мигрираат под „flap“. Ова може да предизвика замаглен вид. За да се реши овој проблем, хирурзите ги полеваат и измиваат овие клетки. Понекогаш ако проблемот е постојан, овие клетки можат да бидат уништени со локална апликација на алкохол.
Друг редок случај е кога може да се види реакција под „flap“ (колонии од бели крвни зрнца). Оваа состојба која предизвикува замаглен вид, е наречена SOS (sands of Sahara) или  DLK (Diffuse Lamellar Keratitis). Подмачкување и остатоците/сметот од микрокреатомскиот мотор, пациентите и нивното лачење се сметаат за причинители на оваа состојба. Меѓусклоп на миење и солзи со стероиди можат да се употребат како решение на оваа реакција.
Во првите денови по третманот, станувањето во ретки случаи, пациентот може неволно да го премести „flap“ (на пр. за време спиење, играње или судир), предизвикувајќи набори, брчки на „flap“. Во овој случај тој се делоцира или се голтнува, ако  е потребно.

Многу ретко, „flap“ може да биде ослободен и без стожер (без капак или без „flap“). Тогаш ласерскиот третман се изведува и „flap“ се делоцира/ поместува. Во минатото ова беше рутина.
Инфекциите се уште еден редок ризик. Можат да се излечат со антибиотски капки. Генерално, статистиките покажуваат дека инфекциската стапка е 1:20 за LASIK  во однос на контактните леќи.
По LASIK, за време на намалувањето на рефлексот на солзење на рожницата и манипулацијата на солзните жлезди (кои се сместени под очните капаци), можно е очите да бидат суви. Ова особено е очигледно кај постарите лица, кои и природно се склони на ова состојба. Вештачки солзи и лукрикантни гелови можат да бидат многу од помош. Нормално, по неколку месеци, поплаките упатени за суви очи ги нема.

Технологија

Еден од најпознат аспекти на третманот EyeSTAR Lasik е технологијата. Институтот EyeSTAR Lasik е опремен со најновите ФДУ и клинички одобрени ласерска и дијагностичка технологија.

prvcekor Со цел да се овозможат најбезбедни и повеќе прецизни резултати, EyeSTAR е опремен со софистицирана дијагностичка опрема за поточна процена на визуелни  дефекти на очите. Методите за оценувањето вклучуваат корнеална томографија, ултрапрецизна корнеална топографија (мерење на рожницата на 22.000 поени), дијагноза и класификација на корнеална форма, абнормалности со вештачки интелигенциски систем.
Нашиот ласер „Wavelight Allegretto бран Око-П 500Hz/400Hz“ е најновата, најбрзата и најнапредна ФДА - одобрена очна ласерска платформа на пазарот. Познат за најпрецизни резултати и на највисоко ниво на безбедност и удобност на пациентот.
Ние нудиме напредна технологија „CLB microkeratome“или сите ласерски технологии EyeSTAR Lasik, во зависност од препораките на нашите хирурзи за секој одреден пациент.

Безбедност

Здравјето на вашите очи е од најголемо значење. Затоа, EyeSTAR Lasik е институт кој користи „Wavelight Allegretto бран Око-П ласер“, кој има уникатна безбедносна црта: технологија „PerfectPulse“ ™. Оваа софистицирана технологија гарантира дека целиот третман и секој пулс на ласерскиот зрак се целосно контролирани со ултрабрзо очно следење што следува движења на очите 400 пати во секунда и прилагодување на ласерскиот зрак соодветно за помалку од шест милисекунди. Значи, дури и кога окото се движи, третманот  се одвива совршено прецизно. Таа, исто така ги спречува термичките ефекти на окото и сушењето на истото, подобрувајќи го процесот на заздравување на окото.

Квалитет на видот

„Eye-Q“ ласерот исто така, нуди "Wavefront optimized" технологија, која ја зачувува приридната форма на пожницата и ги спречува оптичките грешки кои може да доведат до проиблеми со прилагодување на окото на темнинха или до губењње на контрастна осетливост (способност да се гледаат предметите чисто и јасно). Системот има потенцијал да им обезбеди на мнозинството од пациентите вид подобар од 20/20, која е кованица од „орел визија", бидејќи орлите имаат вродена способност да гледаат  подобро од 20/20 и дење и ноќе.

Перформанси

Системот „Eye-Q laser“ има фреквенција од 400 пулсирања во секунда и третманот трае само неколку секунди. Во просек третманот ќе потрае повеќе од 10 до 12 секунди. Пократките очни ласерски третмани се покажале подобри за намалување на ризикот од постоперативни инфекции, над-корекции и под-корекции.

„The WaveLight Allegretto Wave Eyetracker“


prvcekor „Eyetracker EyeSTAR“ е составен дел на третманот „EyeSTAR Lasik“. Работи со ласер за ултрапрецизен третман, осигурувајќи дека секој импулс на ласерот  се наоѓа таму каде што треба да биде.
„Eyetracker EyeSTAR“ работи со брзина од 400Hz и го следи движењето на очите 400 пати во секунда. Ова е важно затоа што окото може да се врти  во стапка од 60Hz. Ако окото се врти побрзо или со иста брзина како „eyetracker“, тогаш „eyetracker“ нема да биде во можност да добие соодветен број читања за движењето на окото.
Исто така, исклучително важна  е способноста на ласерот да реагира на информации кои ќе  бидат испратени до него од „eyetracker“. Времето за одговор на ласерот мора да биде многу брзо за да се осигура дека секој импулс на ласерот доаѓа до соодветниот дел од рожницата. Дури и ако ласерот може да ги следи  движењата на окото 1000 пати, но реагира бавно на таа информација, резултатот ќе биде импулсите до рожницата на окото да бидат испратени врз основа на стара информација.
Најдобар пример за односот помеѓу „eyetracker“ и ласерот  е да се обиде и да се замисли фрлање топка во  предмет кој се движи со 400 милји на час. Иако можете  да го видите предметот кој се движи, вашите рефлекси  премногу бавно ќе се прилагодат на постојаните  промени на подвижен предмет. Како резултат на тоа, секогаш кога ќе ја фрлите топката Вие ќе го промашувате подвижниот предмет. Ласерот „EyeSTAR“ и „eyetracker“  работат со брзина од  400Hz, што значи дека како што „eyetracker“ го следи на окото 400 пати во секунда, ласерот работи со иста брзина прецизно и точно во потребните области на корнеата.

„The WaveLight Allegro Topolyzer“


prvcekor Основа за успешен очен ласерски третман е точна дијагноза. Работа со „EyeSTAR ALLEGRO Topolyzer“ значи користење на идеален апарат кој го помага процесот на донесување одлука за ласерска корекција на видот на конкретен пациент.
Со точно утврдување на визуелните корекции кои се потребни да се направат кај пациентот, во голема мера го подобрува опсегот на можни третмани, од „Wavefront Optimized“ за водење високо ниво на софистициран топографијски третман (Т-CAT).
„ALLEGRO Topolyzer“ е со соодветен Т-CAT софтвер кој е специјално дизајниран за да измери и да произведува висока резолуција на третмани за очи со тешки неправилности. Развиен е  за најтешките случаи, кој во стандардно мерење и обработка ќе се покаже клинички неефикасен.

„The WaveLight Allegro T-CAT Treatment

„ ALLEGRO Topolyzer“ и T-CAT се оптимизирани за да се заврши спектар на корисничка ласерска очна корекција и да комуницира во совршена синхронизација со бранот ласерски системи „ALLEGRETTO Eye-Q excimer“. Сите потребни третмани и  параметри се пренесуваат од „ALLEGRO Topolyzer“ на ласер. Внатрашниот софтвер на „ALLEGRO Т-CAT“ е ласерски и се пресметува соодветна корекциска шема. Сепак лекарот може да одлучи да ги промени поединечните  параметри во која било фаза од процесот.
Интегрираниот кератометар со автоматско мерење и ослободување овозможува прецизно центрирање на сликата. Преносот на дигиталната слика потточки на приближување во комбинација со смиреноста работи од далечина и мерењето на времето изнесува само мал дел од секунда кој овозможува највисоко можно ниво на репродуктивност, а точноста на податоците се снима. Сите податоци добиени од страна на софтверот на  „ALLEGRO Т-CAT“ се дефинираат со соодветни третмански параметри.
„ALLEGRO Topolyzer“ исто така може да се користи како самостоен дијагнистички инструмент за редовна топографија за мерења кои се секогаш потребни во рефракциската хирургија.
Исто така е интегриран софтвер во уредот и кератоконус за откривање и опцискаи проблеми со зениците.

Апликациите за „ALLEGRO Topolyzer“ вклучуваат:
- Поправна станица за децентрирање;
- Проширување мали оптички зони;
- Кератоконус-скрининг;
- Третман на високо астигматизам;
- Третман на други хируршки индуцирани корнеални неправилности.



prvcekor Aналитичар WaveLight Алегро

 „EyeSTAR ALLEGRO“ е аналитичар со идеален дијагностички уред за поддршка на процесот на донесување одлуки за  ласерска визија и корекција. Тоа во голема мера го подобрува опсегот на можни третмани, почнувајќи од стандардни бранови оптимизирани со  постапка до високософистицирани бранови и водени третмани.

Третман  „ALLEGRO А-CAT

Анализаторот ALLEGRO е специјално дизајниран за да овозможи бран од податоци потребни за вршење безбедна и успешна ласерска и очна корекција. Сите компоненти се оптимизирани да работат во концерт со бран „ALLEGRETTO Eye-Q laser“.


Сите потребни третмански параметри од  пациентот се пренесуваат до аналитичар ALLEGRO на „БРАН ALLEGRETTO Eye-Q laser“. Софтверот на „ALLEGRO А-CAT“ во внатрешноста на ласерскиот лаптоп-компјутер  пресметува соодветна корекциска шема. Третманите „ALLEGRO А-САТ“  се наменети за употреба кај пациенти со  високи аберации во нивните оптички систем. Сите потребни корекции на оптичката патека на окото се овозможени преку модулот на рожницата „A-CAT“.

 Принципи „Tscherning“

Работејќи во видливиот спектар, аналитичар ALLEGRO е дизајниран за да се направи бран на мерења со користење на оперативниот принцип „Tscherning“, кој работи на истиот принцип како човечкото око. Со цел да се изврши мерење според овој принцип, сликата на мерења се проектира на мрежницата. Ова им овозможува на лекарите постојано да потврдуваат дека сликата е донесена правилно и дека сите мерни места се всушност валидни. Примената на ова мерење овозможува откривање неточни читања предизвикани од локалните опструкции.

Примената на овој принцип - аналитичар ALLEGRO, овозмошува  исклучива достава на валидни податоци и го минимизира ризикот од лажни третмани. Анализаторот ALLEGRO користи видлива светлина за да се извршат мерења, затоа дополнителни пресметки и фактори за хроматските грешки не се задолжителни.
Автоматското мерење гарантира дека само центрираните мерења ќе бидат земени предвид. Мало децентреализирање се открива  заедно со  дијаметар и други релевантни вредности. На овие податоци потоа се додава вистинскиот бран од податоци. Комерцијалната обработка  на податоци „WaveLight“ им овозможува регистрација и евиденција на валидни мерења, дури и со сериозни очни услови.


prvcekor Технологија „EyeSTAR Microkeratome / Intralase“
           
„ Moria Microkeratome Evolution3 Microkeratome“
„Moria Microkeratome Evolution3“ е платформа која се користи во комбинација со М2 моторни напојувања со CLB. Повеќе глави и мотори се користат во EyeSTAR да се обезбеди целосно стерилна работна околина на „Moria microkeratome“ која е ненадминливо точна и прецизна. Всушност, овој систем е резултат и двапати попрецизен од „femtosecond ласерски microkeratome“ и не предизвикува синдром на преодна светлосна осетливост. За „microkeratomes“, прецизност значи безбедност, особено во случаи на критичните случаи на  корнеална дебелина. Покрај овие предности, бавниот вакуум на СВР на системот е критична удобност на компонентата  „Moria“.
INTRALASE FS-60

Писма од пациенти - EyeSTAR Lasik

Писма од пациенти

Christine Laybourn, Miami, Florida - 03.10.2009

Во EyeSTAR дојдов по препорака на поите пријатели и сум презадоволна од резултатите. Голема благодарност до тимот на EyeSTAR што го променивте секој ден од мојот живот на подобро.
Посебна благодарност до Fred кој ме држеше за рака и беше до мене во секој момент.

Благодарам на сите
Одлична услуга

Susan Strange, UK, 22.01.2009

Голема благодарност до целиот тим. Во текот на целиот процес се почувствував дека сум во вистински раце и сум восхитена од резултатите. Благодарам
Brian Gill, USA

ПОВТОРНО МОЖАМ ДА ГЛЕДАМ
Голема благодарност до пријателскиот персонал на EyeSTAR кои ми овозможија оваа операција да биде едно пријатно искуство.
Ќе го препорачам EyeSTAR на моите колеги.
Asbjorn Stoen, Norway

Можам да гледам како орел
EyeSTAR Ви благодарам, многу сум задоволен од третманот и услугата. После само еден ден можам да гледам како орел.
Stefan Reitsam, Germany

Можам да гледам јасно сега....без наочари
Lamar Hawkins, Switzerland

За помалку од 24 часа после операцијата можев да го разгледам Истанбул, без наочари!!!
Прекрасен тим, топол пречек, беспрекорна услуга и после 25 години сонот ми се оствари - нема повеќе наочари!!!
Благодарам
Pat Dwyer, Ireland

Чуда се случуваат!!!
Неможам доволно да се заблагодарам на персоналот за нивниот професионализам и прекрасната услуга. Единствено жалам што порано не го пронајдов EyeSTAR
Уште еднаш милион пати благодарам

Ayse Bolat, UK

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа да го надминам мојот проблем со очите. Животот без наочари или контактни леќи беше само сон додека не влегов во EyeSTAR институтот.
Ви благодарам уште еднаш за третманот.
Roxana Munteanu, Romania

Првиот ден кога се разбудив и можев да видам се околу мене, тоа беше чудно чувство, но....МОЖЕВ ДА ВИДАМ СЕ. Многу сум стеќна мојот живот од денес се промени. Имате само еден живот, променете го и Вие!
Ви благодарам EyeSTAR Lasik
Жалам што не слушнав за Вас порано, но подобро покасно отколку никогаш!

Видеа со изјави на пациенти - EyeSTAR Lasik

    Слични Понуди

  • Писма од пациенти


    Christine Laybourn, Miami, Florida - 03.10.2009
    Во EyeSTAR дојдов по препорака на поите пријатели и сум презадоволна од резултатите. Голема благодарност до тимот на EyeSTAR што го променивте секој ден од мојот живот на подобро.
    Посебна благодарност до Fred кој ме држеше за рака и беше до мене во секој момент.

    Благодарам на сите
    Одлична услуга
    Smiley face
    Susan Strange, UK, 22.01.2009
    Голема благодарност до целиот тим. Во текот на целиот процес се почувствував дека сум во вистински раце и сум восхитена од резултатите. Благодарам
    Smiley face
    Brian Gill, USA
    ПОВТОРНО МОЖАМ ДА ГЛЕДАМ
    Голема благодарност до пријателскиот персонал на EyeSTAR кои ми овозможија оваа операција да биде едно пријатно искуство.
    Ќе го препорачам EyeSTAR на моите колеги.
    Smiley face
    Asbjorn Stoen, Norway
    Можам да гледам како орел
    EyeSTAR Ви благодарам, многу сум задоволен од третманот и услугата. После само еден ден можам да гледам како орел.
    Smiley face

follow_us add us to your circle