>

Kempinski Grand Arena 5*

Банско

www.kempinski.com/bansko


Доживејте луксузен престој во најмодерниот зимски ресорт на Балканот и откријте ја мистеријата на еден од најзначајните културн историски центри во Бугарија. Сместен во срцето на Пирин планина, КЕМПИНКСИ ХОТЕЛ ГРАНД АРЕНА е идеално место за Вашиот безгрижен одмор. Добредојдени сте во овој уникатен планински и СПА ресорт каде времето никогаш нема да Ви биде доволно за да ги доживеете сите негови содржини; во зима дојдете за скијање и сноубординг или во лето на планински одмор исполнет со велосипедизам, прошетки по планината или параглајдерство. Во непосредна близина на хотелот се наоѓа главната станица на ски лифтот кој ве качува на највисоките снежни врвови. Хотелот е на само неколку минути од центарот на курортот Банско, а таму ќе најдете многубројни традиционални меани, музеи и продавници. Со толку одличен избор на активности за Вас секогаш ќе постои причина да се вратите овде




Цените се валидни за период 04.12.2015 - 22.12.2015

Цените не се валидни за време на празници.

Тип на соба Цените се валидни
од Недела до Четврток
Цените се валидни
за Петок и Сабота
Single Deluxe Room
Town View BB
64 95
Double Deluxe Room
Town View BB
67 115
Single Deluxe
Mountain View BB
76 107
Double Deluxe
Mountain View BB
79 131
Single Executive
Room BB
87 119
Double Executive
Room BB
90 143
Single/Double Junior
Suite Town View BB
114 167
Single/Double Junior
Suite Mountain View BB
126 179
Deluxe Suite BB 150 215
Alpine Suite BB 186 251



Цените се валидни за престој од Недела - Четврток

Период Deluxe rooms Executive rooms Junior Suite Suites
Town View Mountain view Town view Moutain view Deluxe Alpine
Single Double Single Double Single Double Sgl/Dbl Sgl/Dbl Sgl/Dbl Sgl/Dbl
09.09 - 03.12 61 65 73 76 83 86 109 121 144 178

Цените вклучуваат:

  • Богат појадок на шведска маса.
  • Една Alphasphere сеанса по соба на престој.
  • Бесплатно користење на Кемпински SPA (2 надворешни и 1 внатрешен базен, надворешно и внатрешно џакузи, финска и био сауна, ароматична парна бања и хамам, и снежна соба).
  • Бесплатно користење на модерно опремена теретана.
  • Бесплатно користење на детскиот клуб.
  • Бесплатен Wi-Fi интернет.

  • Дополнителни екстри (за резервирани 2 ноќи од Недела – Четврток):

  • Бесплатна вечера на денот на пристигнување / 3 степено мени или шведска маса /.
  • 15% Попуст на Лоби барот од 17:00 – 19:00 од Недела до Четврток.
  • Бесплатно користење на надворешен обезбеден паркинг и билјард.

  • *Дополнителни екстри (за резервации од минимум 7 ноќи – 1 бесплатна ноќ):
    Гореспоменатите екстри + седмата ноќ се бесплатни

  • Бесплатен “Upgrade” во повисока категорија на соба (во зависност од расположливоста).
  • “Early Check-in” од 10:00ч и “Late Check-out” до 14:00ч (во зависност од расположливоста).
  • Бесплатно користење на велосипеди.

  • *Политика за деца:

  • Едно дете може да се смести максимум со двајца родители.
  • Деца под 6 години престојуваат бесплатно.
  • Дополнително легло за деца од 6 – 12г – се наплаќа 20 ЕУР со вклучен појадок.
  • Дополнително легло за деца над 12 години или трет возрасен – 30 ЕУР со вклучен појадок.


  • Цените не се валидни за време на празници. Туристичка такса 1 еур по лице на ноќ.



    Редовен ценовник

    Early Booking - 10 % попуст на Deluxe rooms и Executive rooms, и 15% попуст на Suites за сите резервации направени 30 дена пред пристигнување. (За период 29.05 - 03.11.2015) (Не е валиден за време на празници)

    7=6 за период 29.05 - 03.12.2015 (не важи за период 10.07-28.08.2015)

    Цените се по соба на ноќ
    Услуга:   BB  / Ноќевање со појадок  (29.05.2015 - 03.12.2015)  
    Тип на соба Сабота - Четврток Петок - Сабота
    Single Deluxe Room Town View  64,7 64,7
    Double Deluxe Room Town View 68,3 76,9
    Single Executive Room 87,8 87,8
    Double Executive Room 91,5 97,6
    Double Junior Suite Town View 115,9 122
    Double Junior Suite Mountain View 128,1 134,2
    Deluxe suite 152,5 158,6
    Alpine suite 189,1 195,2

    Цената вклучува:
    • Ноќевање со појадок.
    • Една AlphaSphere сеанса по соба на престој.
    • *Бесплатно користење на фитнес, сауна (финска и био сауна) и парна бања (хамам, арома парна бања), внатрешен базен, надворешен базен, џакузи, снењна соба во Zalez SPA & Wellness Center.
    • Бесплатно користење на Wi-Fi.
    • Бесплатен надворешен паркинг (доколку има слободни места)

    Цената не вкучува:
    • Туристичка такса од 1€ по лице на ден.

    Политика за деца:
    • Максимум 1 дете дели соба со родителите.
    • Дете до 5,99 години - бесплатно
    • Дете на дополнително легло од 6 до 11,99 години плаќа 25 ЕУР на ден - со вклучен појадок.
    • Дете на дополнително легло од 12 години или 3-ет возрасен 30 ЕУР на ден - со вклучен појадок.

    Политика за откажуавње на резервации:
    • Откажување на резервации 7 дена пред пристигнување - бесплатно.
    • Откажување на резервации 7 или помалку дена пред пристигнување 100% пенали.
    • No Show 100% пенали.



    Општи информации за хотелот
    Петѕвездениот Кемпински Хотел Гранд Арена Банско Ве поканува да искусите луксузен престој во најпознатиот зимски ресорт на Балканот. Запознајте ја историјата и културата на Банско и искусете ги многуте можности за туризам кои ги нуди Пирин планина.

    Кемпински Хотел Гранд Арена Банско е лоциран во непосредна билизина на главната станица на ски лифтот, како и на многу мало расотјание од центарот на стариот град. Луксузниот хотел располага со пространи апартмани и соби во алпски стил, уникатен SPA центар Kempinski The SPA и широк спектар на барови и ресторани со исклучителен поглед кон планина.

    Сместување
    Хотелот располага со вкупно 157 соби и апартмани за сместување: 110 Deluxe соби, 22 Executive соби, 14 Junior апартмани, 7 Delux апартмани, 3 Alpine апартмани и 1 Претседателски апартман.

    Сите соби се дизајнирани во алпски стил – дрвен мебел и светлите бои создаваат пријатна и топла атмосфера. Собите располагаат со балкон, пространа бања со одделни туш кабина и када, индивидуално регулирање на клима уредот, кабловска телевизија, минибар, бесплатен безжичен интернет, биро и сеф.
    Executive собите имаат директен пристап до Kempinski The SPA.

    Сите апартмани располагаат со посебен дел за одмор, DVD плеер и бесплатно кафе и чај од мини барот. Alpine апартманите имаат сопствена сауна и џакузи
    Новиот луксузен Претседателкси апартман има елегантна атмосфера, комфорт и удобност и е со површина од 240 кв.м. Две спални соби и голема дневна во која има камин со далечинско управување, посебен дел за јадење, бар, 50 инчен телевизор и конференциска зона за 10 лица. Навистина пријатно изненадување е ањата – италијански камен, мермерни умивалници со еки филтер, џакузи и 32 инчен телевизор се само некои од удобствата. За максимална дискретност апартманот има посебен лифт во кој се влегува само со клуч картичката од апартманот.

    Ресторани и барови
    Препуштете се на едно незаборавно кулинарско искуство – насладете се со богат доручек, вкусна тематска храна на шведска маса и средоземноморски деликатеси во ресторанот Коме Прима.

    Секој заслужува мала слатка пауза – чаша топло ароматично кафе или чај со парче вкусен колач во Лоби Барот или уживајте во свежиот вкус на летните коктели на Ла Веранда Бар, тераса под отворено небо со прекраснен поглед кон Пирин планина.
    Вкусете ја традиционалната јапонска кујна во Суши Бар и Тапанаки Грил и загрејте ги ладните зимски ноќи со музиката во живо во Sing Sing пиано барот (отворен само преку зимската сезона)

    Конференциски услуги
    Кемпински Хотел Гранд Арена Банско нуди професионални конференциски услуги како и првокласно сместување и услуга. За корпоративни настани хотелот располага со четири конферециски сали со дневна светлина и капацитет од 12 до 180 лица. На Ваше располагање ќе имате професионален консиерж, кој ќе ги организира Вашите семинари, конференции и настани.

    Велнес и спорт
    Kempinski The SPA
    “Kempinski The Spa” е патување инспирирано од смената на сезоните во Европа. Спа процедурите ја обновуваат природната рамнотежа во организмот, повикувајќи се на мудроста и лековитите својства на природата. Предводени од сезонски елементи на пролет, лето, есен и зима, гостите успеваат да постигнат совршен баланс на телото и умот. Секоја процедура е во согласност со желбите на гостите и се користат исклучително природни производи.

    Модерниоот СПА центар располага со внатрешен и надворешен базен, внатрешно и надворешно џакузи, тениско игралиште, два вида парни бањи, два вида сауни – Финска и Био сауна, фитнес центар, солариум и уникатна снежна соба. Пинг понг, пикадо, билијард и детски клуб се исто така на располагање на гостите на Кемпински Хотел Гранд Арена Банско.

    Хотелски услуги
    Наем на автомобили, превоз до и од аеродром ( Коли под наем, Превоз до и от летището /може да биде со лимузина/, ски гардероба за чување на Вашата ски опрема, изнајмување на ски опрема и ВИП ски училиште.
    Тренсфери до и од хотелот
    Паркинг / Гаража
    Изнајмување на велосипед
    Перална / Хемиско чистење
    Детски клуб / Негувателка на деца
    Бутик, продавница за накит
    Менувачница
    Безжичен интернет
    Фризерски салон
    продавница за сувенири


    Специjални карактеристики
    Кемпински Хотел Гранд Арена Банско е единствен хотел во Бугарија кој е член на The Leading Hotels of the World и Kiwi Collection. Меѓу последните награди на хотелот се наградата за Водечки СПА ресорт во Бугарија за 2007, 2008 и 2009 г. и SPAFinder Reader Choice Award за 2010 и 2011 г.

    Не пропуштајте го уникатното доживување на Alphasphere сеансата во “Kempinski The SPA” - мултисензорно искуство од звук, светлина, топлина и движење.

    Кемпински Хотел Гранд Арена е единствениот хотел во Банско кој има ВИП ски карти за лифта, со кои гостите на хотелот можат да ги користат услугите на ски лифтовите без да чекаат во долгите редици/


    Во понудата не е вклучена туристичка такса која изнесува 1 евро по лице на ноќ

    follow_us add us to your circle